From Wikipedia, the free encyclopedia
Венеција (италијански: Venezia, венетски: Venexia) — главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во Североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во Венецијанскиот Залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република.
Општина Венеција Венеција | ||
---|---|---|
општина | ||
Колаж од Венеција: во горниот лев агол е плоштадот Свети Марко, проследен со поглед на градот, на Големиот канал, и внатрешноста на La Fenice и, конечно Островот na San Giorgio Magiore | ||
Земја | Италија | |
Регион | Венето | |
Покраина | Венеција (VE) | |
Поделоци | Chirignago, Favaro Veneto, Mestre, Marghera, Murano, Burano, Giudecca, Lido, Zelarino | |
Управа | ||
• Градоначалник | Луиджи Бруниаро | |
Површина | ||
• Вкупна | 414,57 км2 (16,007 ми2) | |
Надм. вис. | м | 0|
Население (2009-04-30) | ||
• Вкупно | 270.660 | |
• Густина | 6,5/км2 (17/ми2) | |
Демоним | Venetians | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 30100 | |
Повик. бр. | 041 | |
Светец-заштитник | Апостол Марко | |
Слава | 25 април | |
Мреж. место | Матична страница |
Градот бил основан во 569 година кога група бегалци, за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област.
До градот има и железничка пруга и автопат преку големиот „лагунски мост“. На островот Лидо се наоѓа и аеродромот “Марко Поло”.
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали пароброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети од стакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.
Најзначајните економски средства на градот произлегуваат од туризмот, додека другите производствени активности се префрлени на копно, во блиските центри како Местре и Маргера. Од оваа причина многу изворни жители на Венеција се преселуваат а прекрасните венецијански палати се напуштаат и се употребуваат во туристички цели.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Културно: i, ii, iii, iv, v, vi |
Навод | 394 |
Запис | 1987 (11th заседание) |
Венеција (италијански: Venezia, венециски: Venexia] е град во северна Италија познат по туризмот и индустријата, и е главен град на регионот Венето, со население од околу 270.660 (според извршениот попис na 30 Април 2009 година). Заедно со Падова и Тревизо, градот е вклучен во областа Падуа-Тревизо-Венеција (PATREVE) (1.600.000 жители). Името потекнува од древните народи Венети кои го населиле регионот во 10 век п.н.е. Градот историски бил главен град на Венецијанската Република. Венеција е позната и како „Lа Dominante“, „Serenisima“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на водата“, „Град на маски“, „Градот на мостови“ и „Ловечки град„ и “Град на канали“. Лујџи Барцини, пишувајќи за „Њујорк Tајмс“, го опишал како „несомнено најубавиот град изграден од страна на човекот“ [3] Венеција исто така е опишана од страна на Тајмс Онлајн како еден од најромантичните градови во Европа [4].
Градот се протега преку 117 мали острови во мочурливата Венецијанскa лагуна долж Јадранското Море во североисточниот дел на Италија. Лагуната од солена вода се протега по должината на брегот помеѓу утоките на реките По (југ) и Пијава (север). Населението кое е проценето на 272.000 жители go вклучува и населението на целата општина Венеција; околу 60.000 [5] во историскиот град на Венеција (Centro storico);176.000 во Тераферма (на копното), претежно во големте frazioni на Местре и Маргера; а 31.000 живеат на другите острови во лагуната.
Република Венеција беше главна поморскa моќ за време на средниот век и ренесансата, и место за одмор на крстоносните војни и Битката кај Лепанто, како и многу важен центар за трговија (особено на свилa, жито и трговија со зачини) и уметност од 13 век до крајот на 17 век. Ова ja направило Венеција богат град во текот на поголемиот дел од својата историја. [6] Тој исто така е познат по своите неколку значајни уметнички движења, особено периодот na ренесансата. Венеција има одиграно значајна улога во историјата на симфониската и оперската музика, и тоа е родното место на Антонио Вивалди.
Иако не постојат историски записи, кои се занимаваат директно со мрачните и периферни [7] потеклa на Венеција, традицијата и достапните докази направиле неколку историчари да се согласат дека првичното население на Венеција било составено од бегалци од римските градови во близина на Венеција, како што се Падова, Акилеја, Тревизо, Алтино и „Конкордија“ (модерен Портогруаро) и од незаштитените села, кои бегале од последователните бранови на Германските инвазии и Хуните. [8] Некои подоцнежни извори од Рим go откриваат постоењето на рибарите на островите во првите мочурливи лагуни. Тие биле нарекувани како incolae lacunae („жители на лагуната“). Традиционалното основање е идентификувано со посветата на првата црква, онаа во Сан Џакомо на островчето Ривоалто, за која се вели дека била на удар пладнето на 25 март 421 година. [9] [10] Последниот и најтрајниот пробив во северниот дел на италијанскиот полуостров беше оној на Ломбардите во 568 година, правејќи го Источното Римско Царство, мал појас на брегот на река Венето, и главните административни и верски субјекти биле префрлени на остатокот од територијата, сконцентрирана во Егзархијата Равена, локалниот претставник на императорот на Истокот. Венецијанската традиција на помош од островјаните за Велизар била пренесувана во раната историја за да се објасни главната теоретскa поврзаност со Равена, а со источниот император. Нови пристаништа биле изградени, вклучувајќи ги и оние во Маламоко и Торцело во венецијанската лагуна. На turbioni maiores, најраниот владејачки централен комитет на островите во Лагуна, датира од 568 век [11] Венецијанците му понудиле азил на егзархот Павле, кој беше во бегство од кралот на Ломбардите Лијутпранд [12]. Византиската доминација на централна и северна Италија, во голема мера била елиминирана од страна на освојувањата на Егзархијата Равена во 751 година од Ајстулф. Во овој период, седиштето на локалниот Византиски гувернер ( „водачот“, подоцна „дужд“) било сместено во Маламоко.
Некаде во првите децении на осмиот век, луѓето од лагуната го избраa нивниот прв водач Урсус, кој беше одобрен од страна на Византија и и му биле дадени титулите хипат и дужд. [13] Тој бил првиот историски дужд на Венеција.
Во 775-76 година, беше отворено епископското седиште на Оливоло (Хелиполис). За време на владеењето на војводата Ањело Партичиако (811-827) војводското седиште било преместено од Маламоко до високозаштитениот „Ријалто“, сегашната локација на Венеција. Манастирот Свети Захариј и првата војводскa палата и базилика на Свети Марко, како и градските ѕидини помеѓу Оливолои Ријалто подоцна биле изградени тука. Крилести лавови кои може да се видат во Венеција се симбол за Свети Марко.
Во 810 година, договорот меѓу Карло Велики и Никифор ja признаa Венеција како Византиска територија и ги признаa трговските права на градот долж јадранскиот брег, каде што Карло претходно му наредил папата да ги протера Венецијанците од Пентаполис. [14] Во 828 година, престижот на новиот град беше покренат од добивањето на моштите на Свети Марко евангелистот, од Александрија, кои беа сместени во новата базилика. Патријархалното место исто така беше преместено во Ријалто. Како што заедницата продолжила да се развива и како што Византиската власт слабеела, тоа довело до раст на автономијата и на крај до независност.
Од деветтиот до дванаесеттиот век Венеција се разви во град-држава (италијански thalassocracy или Repubblica Marinara, а другите три се Џенова, Пиза и Амалфи). Нејзината стратешка позиција на чело на Јадранот ја направи венецијанската поморскa и комерцијална моќ речиси неранливa. Со елиминација на пиратите долж Далматинскиот брег, градот станал напреден трговски центар меѓу Западна Европа и останатиот дел од светот (особено Византиското Царство и Исламскиот свет). Во 12 век беа поставени основите на власта на Венеција: венецијанскиот Арсенал бил во изградба во 1104 година; последниот автократски дужд, Витал II Микеле, починал во 1172 година.
Венецијанската Република пред 1200 година презела голем број на места на источниот брег на Јадранското Море, главно од комерцијални причини, затоа што пиратите што се наоѓале таму биле закана за трговијата. Дуждот веќе ги имал титулите Војводата од Далмација и Војводата од Истра. Следната стекната копнена територија, која се протегала низ езерото Гарда на запад сè до реката Ада, била познат како „Terraferma“, а била стекната делумно како одбрана од воинствените соседи, делумно за да се обезбедат алпските трговски патишта, а делумно и за да се обезбеди снабдување со пченица на копното, од која градот зависел. Во градењето на својата поморскa трговскa империја, Републиката доминирала со трговијата со сол, [15] стекнала контрола над поголемиот дел од островите во Егејското Море, вклучувајќи ги и Кипар и Крит, а станала и голема сила на Блискиот Исток. Со стандардите во тоа време, венецијанското управување со своите копнени територии било релативно напредно и граѓаните на овие градови како Бергамо, Бреша и Верона се собирале за да го одбранат суверенитетот на Венеција кога била загрозена од напаѓачи.
Венеција останала тесно поврзана со Цариград, и двапати ѝ биле доделени трговски привилегии во Источното Римско Царство, преку т.н. Златен Бул или „chrysobulls“, а за возврат требала да му помага на Источното Царство да им се спротивстави на Норманите и турските упади. Во првата chrysobull Венеција ја признала должност кон Царството, но не и во втората, што го одразило падот на Византија и растот на моќта на Венеција. [16][17]
Венеција станала империјална моќ по Четвртата Kрстоносна војна којашто таа ја финансирала, а со која во 1204 година го освоила Цариград и ја формирала Латинското Царство. Како резултат на тоа освојување огромното богатство од грабежот бил вратен во Венеција. Овој грабеж вклучувал позлатени бронзени коњи од хиподромот на Цариград кои првично биле поставени над влезот во катедралата Свети Марко во Венеција, иако оригиналите се заменети со копии и сега се чуваат во Базиликата. По падот на Цариград, поранешната Римското Царство била поделена меѓу Латински крстоносци и Венецијанци. Венеција последователно создала сфера на влијание во Средоземјето, позната како Војводството на архипелагот, и освоениот Крит.
Заземањето на Цариград, во крајна линија ќе се покаже како одлучувачки фактор за ставање крај на Византиското царство, како губењето на Анадолските предмети по Манцикерт. Иако Византијците ja вратија контролата над опустошениот град половина век подоцна, Византиското Царство била смртно ослабена и постоела само како дух пред султанот Мехмет Освојувачот да го заземе градот во 1453 година.
Сместена на Јадранско Море, Венеција отсекогаш тргувала со Византиското Царство и со муслиманскиот свет. До крајот на тринаесеттиот век, Венеција била најпросперитетниот град во цела Европа. На врвот на својата моќ и богатство, таа имала 36.000 морнари кои работеле со 3.300 бродови, со што доминирале со трговијата на Средоземјето. Во ова време, венецијанските водечки семејства се натпреварувале едни со други кои ќе изградат најголеми и највеличенствени палати и ja поддржувале работата на најголемите и најталентираните уметници. Градот бил управуван од страна на Големиот Совет, кој беше составен од членови на благородни семејства од Венеција. Големиот совет ги назначувал сите јавни службеници и избрирал Сенат составен од 200 до 300 лица. Бидејќи оваа група била премногу големa за ефикасна администрација, Советот на Десетте (исто така наречен Војводскиот Совет или Signoria), контролирал поголем дел од администрацијата на градот. Еден член на големиот совет бил избиран за дуждили војвода, церемонијална глава на градот, кој вообичаено ja поседувал титулата сè до неговата смрт.
Венецијанската владина структура била слична на некој начин со Rепубликанскиот систем на Стариот Рим, со избран главен извршен директор (дужд), со Собрание на благородниците слично на Сенат, и маса граѓани со ограничена политичка моќ, кои првично ja имале моќта да додели или да не го дадат своето одобрување за секој новоизбран дужд. Црквата и разни приватни имоти биле врзани за воената служба, иако немало витешко занимање во рамките на самиот град. Cavalieri di San Marco бил единствениот ред за витештвото што бил некогаш воведен во Венеција, и ниеден граѓанин не можел да прифати или да се приклучи на странски ред, без согласност на владата. Венеција останала Република во текот на својот независен период и политиката и војската биле одделени, освен во случај кога дуждотлично ja водел војската. Војната била сметана како продолжение на трговијата со други средства (раното производство на градот на голем број платеници за служење на други места, а подоцна и неговата зависност од странски платеници кога владеачката класа била преокупирана со трговија).
Главен извршен директор бил Дуждот, кој теоретски ja имал својата изборна титула доживотно. Во пракса, неколку дуждови биле принудувани од олигарсите да ja отстапат титулата и да се повлечат во монашкa изолација кога се мислело дека се дискредитирани поради политички неуспех.
Иако луѓето од Венеција генерално биле христијански католици, Венеција беше позната по својата ослободеност од верски фанатизам и тоа не придонело за ниту едно извршување за верски ерес во текот на борбата против реформацијата. Овоj очигледен недостаток на посветеност придонел за честите конфликти на Венеција со папата. Во овој контекст, пишувањата на англиканскиот теолог Вилија Бедел се просветлувачки. На Венеција во неколку наврати и се заканувале со забрана (интердикт) а, двапати и го претрпела тоа. Вториот, најпознат пат во 1606 година, по налог на папата Павле V.
Венецијанските амбасадори испраќале дома сè уште постоечки тајни извештаи на политиката и гласините во европските судови, обезбедувајќи им фасцинантни информации на современите историчари.
Новоизмислената германскa печатарска машина брзо се проширила низ цела Европа во петнаесеттиот век, и Венеција била брза да ja добие. До 1482 година Венеција била главен град за печатење во светот, а водечката личност што се занимавала со печатење бил Алдус Манутиус, кој го измислил концептот на книги со меки корици кои може да се носат во торба на велосипед. Неговите Aldine Editions вклучувале преводи на скоро сите познати грчки ракописи од тоа време. [18]
Долгиот пад на Венеција започнал во петнаесетти век, кога најпрво направил неуспешен обид да го задржи Солун против Османлиите (1423-1430). Таа, исто така испратила бродови за да помогнат да go одбрани Цариград против опсадата на Турците (1453). Откако градот паднал под власта на султанот Мехмед Втори тој и објавил војна на Венеција. Војната траела триесет години и ja чинела Венеција многу од нејзините територии на источното Средоземје. Понатаму, Кристофер Колумбо го открил Новиот Свет. Потоа Португалија нашла морски пат до Индија. Франција, Англија и Холандија ги следеле нив.
Црната Смрт ja уништила Венеција во 1348 година и уште еднаш меѓу 1575 и 1577 година. [19] Во текот на три години од чума загинале околу 50.000 луѓе. [20] Во 1630 година, чумата убила една третина од 150.000 граѓани na Венеција. [21] Венеција почнала да ја губи својата позиција како центар на меѓународната трговија за време на подоцнежниот дел на ренесансата кога Португалија станала главен посредник во Европа во трговијата со Истокот, удирајќи директно по самата основа на големо богатство на Венеција, додека Франција и Шпанија се бореле за хегемонија над Италија во Италијанските војни, маргинализирајќи го своето политичко влијание. Сепак, венецијанската империја била голем извозник на земјоделски производи, и до средината на 18 век, била значителен производствен центар.
Од 1303 година, учењето стрелање со самострел станало задолжително во градот и граѓаните биле обучувани во групи. Како оружјата станувале поскапи и покомплексни за ракување, професионални војници биле назначувани да им помогнат во работата na трговците со бродови и како веслачи во галии. Компанијата на „Noble Bowmen“ била регрутирана во доцниот 14 век од помладата аристократија и служела во воени галии како и вооружени трговци, со привилегијата на споделување на кабината на капетанот.
Иако Венеција била позната по нејзината морнарица, нејзината војска била подеднакво ефикасна. Во 13 век, повеќето од Италијанските градови веќе ангажирале платеници, но венецијанските трупи сè уште биле регрутирани од лагуната, плус феудални давачки од Далмација (многу познатiот Schiavoni ili Oltremarini) [22] и Истриа. Во време на вонредна состојба, сите мажи помеѓу седумнаесет и шеесет години биле регистрирани и нивните оружја биле прегледувани а оние кои биле повикани да се борат, всушност, биле организирани во групи од дванаесет. Регистарот од 1338 година проценил дека 30.000 Венецијански мажи биле способни да носат оружје. Како и во други Италијански градови, аристократите и другите богати мажи биле коњаници додека регрутантите од градот се бореле како пешадија.
До 1450 година, повеќе од 3.000 венецијански трговски бродови беа во функција. Повеќето од овие можле да бидат претворени, кога е потребно во воени бродови или транспортни. Владата барала секој трговски брод да носи одреден број на оружје и оклоп; трговците патници исто така се очекувало да бидат вооружени и да се борат кога тоа било потребно. А резерва од некои 25 (подоцна 100) воени галии биле одржувани во Арсеналот. Робовите на галиитене постоеле во средновековна Венеција, веслачите биле од самиот град или од нејзините територии, особено Далмација. Оние од градот биле избрани со ждрепка од секоја парохија, нивните семејства биле одржувани од страна на остатоците на парохијата додека веслачите биле далеку. Должниците обично работеле и покрај своите должности веслајќи во галиите. Вештините за веслање биле поттикнувани преку трки и регати.
Во почетокот на 15 век, кага нови територии na копното се прошируваа, првата постојана војска била организирана, која се состоела од condottieri на договор. Во својот сојуз со Фиренца во 1426 godina, Венеција се согласила да обезбеди 8.000 коњаници и 3.000 пешадијци во време на војна, и 3.000 и 1.000 во мирно време. Подоцна во овој век, униформите биле усвоени на кои имало црвено-бели ленти, како и значки за почит. Во текот на 15 век, венецијански копнени сили биле скоро секогаш во офанзива и се сметале како најефективни во Италија, најмногу поради традицијата на сите класи кои носеле оружје за одбрана на градот и официјално поттикнување преку општата воена обука.
Командната структура во војската била различна од онаа на флотата. Според античките закони, ниеден благородник не би можел да командува со повеќе од дваесет и пет мажи (да се спречи можноста од бунт против државата од страна на приватни армии), а додека позицијата на Генерален капетан била воведена во средината на 14 век, сепак благородниците морале да одговораат пред граѓанска комисија од дваесет мудреци. Не само што биле ефикасно недеградирачка, туку оваа политика ja спасила Венеција од воените преземањата што многу други Италијански градови-држави ги дуждивувале. Градскиот комесар ja придружувал секоја војска за да внимава на работите, особено на платениците. Венецијанската воена традиција, исто така, била особено претпазлива, тие повеќе биле заинтересирани за постигнување на успех со минимални трошење на живот и пари отколку во потрага по слава.
По 1100 години, Републиката ja изгуби самостојноста кога Наполеон Бонапарт ja освои Венеција на 12 мај 1797 година за време на Првата коалиција. Францускиот освојувач го заврши најфасцинантниот век од историјата на Венеција: во текот на 18 век Венеција стана можеби најлегантниот и најпрефинет град во Европа, во голема мера влијаејќи на уметноста, архитектурата и литературата. Наполеон бил сметан како ослободител од еврејската популација во градот, иако може да се тврди дека тие во Венеција живееле со помалку ограничувања. Тој ги отстранил портите на гетото и ставил крај на ограничувањата за тоа кога и каде Евреите можеле да живеат и патуваат во градот.
Венеција стана австриска територија кога Наполеон го потпиша Договорот од Кампо Формио на 12 октомври 1797 година. Австријците ја презеле контролата врз градот на 18 јануари 1798 година. Бил преземен од Австрија со Договорот од Пресбург во 1805 година и стана дел од Наполеоновото Кралство Италија, но бил вратен на Австрија по поразот на Наполеон во 1814 година, и станал дел од Австриското кралство на Ломбардија-Венеција. Во 1848-1849 година еден револт повторно ја ставил Венецијанската Република под власт на Даниеле Манин. Во 1866 година, по Третата италијанскa војна за независност, Венеција, заедно со останатиот дел од Венето, станалa дел од новосоздаденото Кралството Италија.
За време на Втората светска војна, историскиот град во голема мера беше надвор од напади. Единствениот забележан напад бил Операцијата Баулер (Bowler), со прецизен удар на германските поморски операции во 1945 година. Сепак, индустриските зони во Местре и Маргера и железничките пруги на Падова, Трст и Тренто биле постојано бомбардирани. [23] На 29 април 1945 година трупите на Нов Зеланд под водство на Фрејберг стигнале во Венеција и го ослободиле градот и копното, кои веќе биле во рацете на партизаните.[24]
Сестиери на Венеција:
Градот е поделен во шест области или „sestiere“. Тие се Cannaregio, San Polo, Dorsoduro (вклучувајќи ги и Giudecca и Isola Sacca Fisola), Santa Croce, San Marco (вклучувајќи go San Giorgio Maggiorеи Castello (вклучувајќи ги San Pietri di Castello i Sant'Elena). Секоја област била раководена од страна на прокуратор и неговиот тим.
Овие области се состоjат од парохии - првично биле седумдесет во 1033 година, но намалени се по наредба на Наполеон и сега се само триесет и осум. Парохиите датираат од пред овие области (sestieri) и биле основани во 1170 година.
Другите острови на Венецијанската лагуна не се дел од сестиерите, и тие уживале голем степен на автономија во историјата.
Секоја сестиере има свој систем за нумерирање на куќите. Секоја куќа има единствен број во населбата, од еден до неколку илјади, главно нумерирани од еден агол од областа до друг, но не на баш лесно разбирлив начин.
На предниот дел од гондолите кои работат во градот има големо парче метал што личи на шапката на дуждот. На него имa шест засеци кои посочувaат напред и еден наназад. Секој од нив претставуваат по еден од сестиерите (оној што укажува наназад претставува Giudecca). [Се бара извор ]
Зградите на Венеција се изработени на тесно поставени дрвени столбови, кои биле увезени од внатрешноста на земјата. (Под вода, во отсуство на кислород, дрвата не се распаѓаат. Се скаменуваат како резултат на постојаниот проток на богата минерална вода околу и низ неа, така што станува камена структура). Столбовите навлегуваат во помек слој од песок и кал додека да стигнат до многу поцврстиот слој на збиена глина. Поголемиот дел од дрвото за столбовите било сечено во западниот дел на Словенија, во два региона во Хрватска, Лика и Горски Котар и јужно од Црна Гора. Повеќето од овие столбови се недопрени по векови поминати под вода. Темелите се ставени на овие столбови и зградите од тули или од камен се наоѓаат над овие потпори. Зградите често се под закана од плима која доаѓа од Јадранското Море помеѓу есен и рана пролет.
Пред шестотини години, венецијанците сами се штителе од копнените напади пренасочувајќи ги реките кои се влеваат во лагуната и така се осигурувале седиментот да ја пополни областа околу градот, што довело до создавање на уште подлабока лагуна. Во текот на 20-от век, кога многу артески бунари биле потопени во периферијата на лагуната за да има вода за локалната индустрија, Венеција започнала да тоне. Венецијанците сфатиле дека причината за тоа било извлекувањето на подземните води. Процесот ниa тонење бил значително забавен откако артеските бунари биле забранети во 1960-та. Сепак, градот сè уште е загрозен од се почестите ниски поплави (наречен Acqua Alta, „Висока вода“), кои достигнуваат висина од неколку сантиметри над кејовите, редовно по некои плими. Во многу стари куќи поранешните скалила користени од луѓето за да ја растоварат стоката сега се поплавени, што го прави поранешното приземје непогодно за живеење.
Некои неодамнешни студии покажаа дека градот повеќе не тоне, [25][26] но ова сè уште не е утврдено, па затоа, состојбата на претпазливост не е укината. Во мај 2003 година, италијанскиот премиер Силвио Берлускони го официјализираше проектот MOSE (Modulo Sperimentale Elettromeccanico), експериментален модел за оценување на перформансот на гумените порти; идејата е да се постават серија од 79 надувани понтони низ морското дно на трите влеза до лагуната. Кога плимата и осеката се предвидува да се издигнат над 110 сантиметри, понтоните ќе се наполнат со воздух и ќе ja блокираат надојдената вода од Јадранското Море. Оваа инженерската работа треба да биде завршена до 2011 година.
Во 1604 година, за да ги плати трошоците за поплавените подрачја Венеција воведе нешто што би можело да се смета за прв пример на она што на друго место станало „данок за документи“. Кога државниот приход не ги достигна очекувањата во 1608 година Венеција воведе хартија со натпис 'AQ' и втиснати инструкции за употреба за писма до службеници. Првично ова требало да биде привремен данок, но всушност останал сè до падот на Републиката во 1797 година. Кратко време по воведувањето на данокот Шпанија произведе слична хартија за поопшти даночни цели и практиката се прошири во другите земји.
Според Кепеновата класификација на климата, Венеција има влажна суптропскa клима (Cfa), со студени зими и многу топли лета. 24-часовниоt просек во јануари е 2,5 °C (36.5 °F), а за јули оваа бројка е 22,7 °C (72.9 °F). Врнежите релативно ги има рамномерно во текот на годината, и во просек се движат 801 милиметри (31.5 in).
Економијата на Венеција се менувала низ историјата. Во Средниот Век и ренесансата, Венеција била главен центар за трговија и ja контролирала огромната морска империја, и станала исклучително богат европски град, водач во политичките и економските работи и центар за трговија. [28] Сето ова се сменило од 17 век кога трговската империја на Венеција била преземена од страна на други земји како што е Португалија, нејзината поморскa важност била намалена. Во 18 век, тогаш, стана главен земјоделски и индустриски извозник. Најголемиот индустриски комплекс na 18 век беше Арсеналот, и Италијанската армија сè уште го користи тоа денес (иако некој простор се користи за големи театарски и културни продукции, и убави простори за уметност). [29] Денес, економијата na Венеција главно се основа на туризмот, бродоградењето (главно правено во соседните градови Местре и Порто Маргера), услужни, трговски и индустриски извози. [28] Производството на стакло во Мурано и производството на тантела во Бурано се исто така многу важни за економијата. [28]
Венеција е една од најважните туристички одредишта во светот, поради тоа што градот е еден од најголемите и најубавите градови на уметноста во светот. [30] Во градот доаѓаат во просек 50.000 туристи дневно (проценка od 2007 година). [31] Во 2006 година, тој беше 28. меѓународно наjпосетен град во светот, со 2.927.000 меѓународни пристигнувања таа година. [32]
Туризмот е главен сектор на Венецијанската индустрија уште од 18 век, кога беше еден од главните центри за Големата обиколка, поради неговиот убав градски пејзаж, уникатност и богатото музичко и уметничко културно наследство. Во 19 век, стана модерен центар за богатите и славните, кои често престојувале или вечерале во луксузните објекти како Даниели Хотелот или Кафе Флориан. Тој продолжил да биде модерен град во раниот 20 век. [30] Во 1980 година, Карневалот во Венеција беше оживеан и градот стана еден од главните центари за меѓународни конференции и фестивали, како што ее престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, културни, филмски, уметнички и музички продукции. [30]
Денес постојат голем број атракции во Венеција, како што се базиликата Свети Марко, Големиот канал и Плоштадот Свети Марко. Lido di Venezia е исто така популарна меѓународно луксузно одредиште, која привлекува илјадници глумци, критичари, познати личности и луѓе филмската индустрија. [30]
Сепак, популарноста на Венеција како главно туристичко одредиште во светот предизвика неколку проблеми, вклучувајќи го и фактот дека градот може да биде многу пренатрупан на некои периоди од годината. Некои тоа го сметаат за туристичка замка, а од другите како „жив музеј“ [30] За разлика од повеќето други места во Западна Европа и во светот, Венеција стана широко позната по своите елементи на елегантна рушевина. Компетитивноста на странците што сакаат да купат дом во Венеција направи цените да се зголемат толку многу што голем број од жителите се принудени да се преселат во попристапни области како Венето и Италија, особено Местре.
Венеција е изградена на архипелаг od 117 острови формирани од 177 канали во плитка лагуна, поврзани со 409 мостови. [33] Во стариот центар, каналите служат како патишта, и скоро секој вид на транспорт се изведува на вода или пеш. Во 19 век надвозникот во внатрешноста на земјата донесе железничка станица во Венеција и автомобилски надвозник и паркинзи во 20 век. Зад влезовите на северниот раб на градот, превозот во градот остана, како што беше во изминатите векови, да се изведува на вода или пеш. Венеција е една од најголемите Европски урбани зони без автомобили, единствена во Европа во тоа што е добро функционален град во 21 век без автомобили или камиони.
Класичниот венецијански брод е гондолата, иако тоа сега главно се користи за туристи, или за свадби, погреби, или други церемонии. Многу гондоли се уредени со меки со кадифени седишта и Персиски килими. Помалку познато е помалото сандоло. Главните превозни средства се моторизираните автобуси на вода (vaporetti), кои се движат по редовните рути низ главните канали и меѓу островите во градовите и приватните бродови.
Azienda Consorzio Trasporti Veneciano (ACTV) — името на јавниот транспортен систем во Венеција. Тој е комбинација од копнениот превоз со автобуси, патување низ каналот, со автобуси na вода (vaporetti). Се вкупно има 25 рути кои го поврзуваат градот. Венецијанскиот People Mover (раководен од ASM) — систем за јавен превоз сличен на фуникулер влечен од кабел и го поврзува Тронкето островот со Пјацале Рома. Водните таксисти се исто така активни.
Венеција се служи со Меѓународниот аеродром Марко Поло, или Aeroporto di Venezia Marco Polo, именуван во чест на својот познат граѓанин. Аеродромот е во внатрешноста на земјата бил повторно изграден подалеку од брегот, но, водните таксисти или Alilaguna автобусите на вода до Венеција се на само седум минути пешачење од терминалите.
Некои авио-компании слетуваат на аеродромот во Тревизо, na 30 километри од Венеција, како порта на Венеција. Некои едноставно ги рекламираат летовите до „Венеција“ без именување на вистинскиот аеродром освен со мали печатни букви. [34]
Venecia Lido, [35] јавниот аеродром погоден за помали авиони, се наоѓа на североистокот од Lido di Venezia. Тој има 1000м тревна писта.
Во Венеција има регионални и национални возови, кои може да го поврзат градот со Рим за 3,5 часа и со Милано за 2,5 часа. Тревизо е на триесет и пет минути оддалеченост. [36] Фиренца и Падова се двете станици на кои се застанува меѓу Рим и Венеција. Станицата Санта Лусија е на неколку чекори подалеку од постојката на vaporetti. Станицата е крајна и појдовна точка на Венецијанската Симплон „Ориент експрес“ од или до Лондон Викторија и Париз.
Поморскиот дел на Венеција нема патишта, и e составен речиси целосно од тесни патеки а островите меѓу себе се поврзани со камени пешачки мостови, што го прави невозможен превозот на речиси сè што e со тркала. Автомобилите може да стигнат до автомобилско-автобускиот терминал преку мостоt Ponte della Liberta. Таа доаѓа од Запад од Местре. Постојат две паркиралишта кои го служат градот: Tronchetto и Piazzale Roma. Ферибродот до Лидо излегува од паркингот во Tronchetto и е потпомогнато од vaporetti и автобусите на јавниот градски превоз.
Во 2009 година, имало 270.098 лица кои живеат во Венеција, од кои 47,4% se мажи, а 52,6% жени. Малолетни лица (деца на возраст од 18 и помлади) имало 14,36 отсто од населението во споредба со пензионерите чиј број изнесувал 25,7 проценти. Ова се споредува со Италијанскиот просек од 18,06 проценти (малолетни) и 19,94 проценти (пензионери). Просечната возраст на жителите во Венеција е 46 во однос на италијанскиоt просек од 42. Во петте години меѓу 2002 и 2007 година, населението на Венеција се намали за 0,2 проценти, додека Италија како целина се зголеми за 3,85 проценти .[37] Но, населението во историскиот стар град се намалува во значително забрзано темпо: од околу 120.000 во 1980 година до околу 60.000 во 2009 година. [38]
Почнувајќи од 2009 година, 91,14% од населението беше Италијанско. Најголемата имигрантска група дошла од другите европски нации (Романците, најголемата група: 3,26%, Јужна Азија: 1,26%, и Источна Азија: 0,9%). Венеција е претежно римско-католички град, но поради долгогодишна врска со Цариград исто така постои воочливо присуство на Православни христијани, а поради имиграцијата сега има и неколку Муслимани, Хинду и Будистички жители.
Исто така има и историскa Еврејска заедница во Венеција. Венецијанското гето беше областа во која Евреите биле принудени да живеат под Венецијанската Република. Од ова име во Венецијанскиот јазик, зборот „ghetto“, што се користи и во многу јазици, е изведен.
Поврзано: Список на градоначалници на Венеција
• Име на градоначалникот: Џорџо Орсони • Датум на избори: 30 март 2010 година • партија: Демократска Партија
Градскиот Совет na Венеција е составен од 45 членови. Од шестте општини na кои Венеција е поделена, пет се раководени од централно-левичарската коалиција и една од централно-десничарската коалиција. Сегашниот градоначалник на Венеција, Џорџо Орсони, беше избран во март 2010 година. Тој е исто така Assessore од 2000 do 2005 година и Канцелар на Биеналето во Венеција од 2000 до 2003 година.
Венеција била средината или одбраната локација на голем број филмови, новели, песни и други културни наводи. Градот беше особено популарна средина за неколку романи, есеи и други трудови од фантастична или реална литература. Примери за овие вклучуваат Шекспировите „Трговецот од Венеција'“ и „Отело“, Бен Џонсовиот „Volpone“, Волтеровата „Кандид“, Казановата автобиографскa „Историја на мојот живот“, Ен Рајсовиот „Плачот на небото“, и Филип Солерсовиот „Watteau во Венеција“ и многу други. Градот исто така бил сет на бројни филмови и музички спотови, како на пример Џејмс Бонд сериите Од Русија со љубов, Moonraker, Tуристот, Казино Ројал, Кетрин Хепберн во Лето, Смртта во Венеција, Фелиновата Казанова, Индијана Џонс: Последната крстоносна војна, Mалa романсa, Италијанскa работа, Лара Крофт: Томб Рајдер, Siouxsie and the Banshees „Драга Пруденс“ и на Мадона „Like a virgin“ (песна). Исто така, сериите од пет епизоди на „Доктор Ху“, „Вампири во Венеција“. Но покрај тоа, бројни видео игри, како што se Tomb Raider 2, Ninja Gaiden Sigma 2, Sonic the Hedgehog 2006 и Assassin's Creed II [40] се во Венеција во игрите.
Венеција има богат и разновиден архитектонски стил, најпознатiот од кои е веројатно готскиот стил. Венецијанскa Готска архитектура е термин кој e доделеn на Венецијанскa градежен стил кој комбинирал употреба на готскиот полукружен лак со Византиско и Арапското влијание. Стилот потекнува од 14 вековната Венеција, каде што на сливот на византискиот стил од Цариград се среќава со Арапското влијание од Маварска Шпанија. Градот, исто така, има неколку ренесансни и барокни згради, вклучувајќи gи Ca 'Pearo и Ca' Rezzonico.
Градот на Венеција во Италија одиграл важна улога во развојот на музиката на Италија. Венецијанската државата т.е. средновековната Поморска Република Венеција-често била популарно нарекувана „Република на музиката“, и се вели дека еден анонимен Французин во 17 век забележал дека „Во секој дом, некој свири на музички инструмент или пее. Има музика насекаде.“[41]
Во текот на 16 век, Венеција стана една од најважните музички центри на Европа, одбележана со карактеристичен стил на композиција (Венецијанската школа) и развојот на Венецијанскиот полихлорен стил од композиторите како Адријан Вилаерт, кој работел во базиликата Свети Марко. Венеција била центарот на објавување музика; Отавиано Петручи започна со издавање музика речиси веднаш откако оваа технологија беше на располагање, и неговото издавачка куќа помогна да се привлечат композитори од цела Европа, особено од Франција и Фландрија. До крајот на овој век, Венеција беше симбол на раскошот на својата музика, како што може да се види во примерот на „колосалниот стил“ на Андреја и Џовани Габриели, кој користел повеќе рефрени и инструментални групи. Венеција била исто така домот на многу познати композитори за време на периодот на барокот, како што се Антонио Вивалди, Иполито Сиера, Џовани Пики, и Џироламо Дала Каса.
Венеција докажано ги произведе најуникатните и најпрефинети Рококо дизајни. Во тоа време, Венеција беше во состојба на неволја. Ја изгуби голем дел од својата поморска власт, и заостануваше зад своите конкуренти од политичко значење и општеството стана декадентно, со благородниците што ги трошеa своите пари во коцкање и забавување. Но, без сомнение, Венеција остана главниот моден град на Италија, и беше сериозен конкурент на Париз во однос на богатство, архитектура, луксуз, вкус, префинетост, трговија, декорација, стил и дизајн. [42] Венецијанскиот Рококо беше добро познат по тоа што бил богат и раскошен, со многу екстраваганти дизајни. Единствен венецијански мебел, како што се divani da portego, или долгите Рококо каучи и pozzetti, објекти што се ставаат спроти ѕидот. Венецијанските спални обично беа раскошни и големи, со богати дамаскни, кадифени и свилени драпери и завеси, прекрасно изрезбани Рококо кревети со статуи од цвеќиња и ангели. [42] Венеција беше особено позната по нејзините убави огледала, кои останаа меѓу најдобрите во Европа. Лустерите обично беа многу шарени, направени од Мурано стакло за да изгледаат поживи и да се издвојуваат од другите, и исто така беа користени скапоцени камења и материјали од странство, бидејќи Венеција уште ја поседуваше големата трговска империја. Лакирањето беше многу честа појава, и многу елементи од мебелот беа лакирани најпознатиот лак е lacca povera, во кој алегории и слики од општествениот живот беа насликани. Лакирањето и Шинуазри (предмети со Кинески мотиви) беа особено чести во бироата и кабинетите. [43]
Во 14 век, многу млади венецијански мажи почнаa da носат тесно, затегнати шарени чорапи, а дизајните укажуваа на Compagnie della Calza ("Trouser Club") на кои им припаѓале. Венецијанскиот Сенат ги усвои сумптуарните закони, но овие едвај резултираа со промена во модата, со цел да се заобиколи законот. Досадните облеки се носеa над оние шарените кои тогаш биле правени за да ги покажат скриените бои што резултирало со широкото движење на машката "slashed" мода во 15 век. Денес, Венеција е исто така еден од главните модни и шопинг центри во Италија, не толку важен како Милано, Фиренца, или Рим, но еднаков со Торино, Виченца, Наполи и Џенова. Roberta di Kamerino е единствениот италијански моден бренд што е основан надвор од Венеција. [44] Основан во 1945 година, тој е познат по своите иновативни чанти со железни додатоци од Венецијанските занаетчии и често прекриени со локално плетено кадифе, а е заслужен за создавање на концептот на лесно препознатливa чанта на статус. [44] Многу од модните бутици и продавници за накит во градот се наоѓаat на мостот „Ријалто“ и плоштадот Свети Марко. Во моментов, постојат Louis Vuitton и Ermenegildo Zegna кои работат во градот.
Топлото чоколадо беше популарен пијалак во Венеција во текот на седумдесеттите и осумдесеттите. Венецијанската кујна е карактеристична по морската храна, но исто така вклучува и градинарски производи од островите на лагуната, ориз од внатрешноста, дивеч и качамак. Венеција ги комбинира локалните традиции со влијанија кои доаѓаат од илјадагодишните деловни контакти. Тие вклучуваат sarde in saor, сардини маринирани со цел да се зачуваат при долги патувања; risi е bisi, ориз и грашок; fegato alla veneziana, црн дроб на Венецијански начин; рижото со сипа; cicchetti - слично на предјадењата; antipasti- мезе и prosecco, пенливо слатко вино.
Покрај тоа, Венеција е симбол za bisàto (маринирана јагула), за златните, овално формирани колачиња наречени baicoli, и za различни видови на слатки како што се: pan del Pescatore (лебот на рибарот); колачи со бадеми,ф'стаци; колачиња со пржен Венецијански крем или bussolai (бисквити и мали лепчиња направени во форма на буквата „С“ или во форма на прстен) од островот Burano; crostoli или galani; fregolotta (ровка торта со бадеми); млечен пудинг наречен rosada и колачиња од жолт гриз наречен zaléti.
Венецијанската или регионалната форма венетски е романски јазик, мајчин јазик на околу два милиона жители, [45] претежно во Венеција, но, исто така, во регионот Венето во Италија, каде што од пет милиони жители речиси сите може да го разберат. Toj се зборува понекогаш и надвор од Венето и е често добро разбран надвор од него, во Трентино, Фриули, Јулиска краина, Истра и некои градови од Далмација, област со шест до седум милиони луѓе. Јазикот уживал значителен престиж во деновите на Венецијанската Република, кога и го стекнал статусот на language franka во Средоземното Море.
Венеција долго време беше извор на инспирација за авторите, поетите и драмските писатели, како и во првите редови на техничкиот развој на печатарството и издаваштвото. Дваjca од најпознатите венецијански писатели беа Марко Поло во средниот век и подоцна Џакомо Казанова. Поло (1254-1324) бил трговец, патувал до Ориентот. Неговата серија на книги, пишани заедно со Рустикело да Писа (Rustichello da Pissa), насловена како „Il Milione“ дала важни сознанија за земјиштата источно од Европа, за земјите на Блискиот Исток, до Кина, Јапонија и Русија. Џакомо Казанова (1725-1798) беше плоден писател и познат авантурист, кој е најдобро запаметен по неговата автобиографија, Histoire De Ma Vie (Приказна на мојот живот), која го поврзува неговиот бурен начин на живот со градот Венеција. Венецијанскита драматурзи ja следеле старата италијанскa театарска традиција на Commedia dell'Arte. Рузанте (1502-1542) и Карло Голдони (1707-1793) го користеa Венецијанскиот дијалект во нивните комедии.
Венеција исто така има инспирирано писатели од странство. Шекспир ги постави „Отело“ и „Tрговецот од Венеција“ во градот. Томас Ман е автор на романот „Смртта во Венеција“, објавен во 1912 година. Венеција беше инспирација за поезијата на Езра Паунд, кој го напиша своето прво книжевно дело во градот. Паунд починал во 1972 година и неговите останки се закопани во гробиштата na Венецискиот остров Св. Михаил. Францускиот писател Филип Соле поголемиот дел од својот живот го поминал во Венеција и објавил „Речник за љубовниците на Венеција“ во 2004 година. Уго Фосколо (1778-1827) роден во Занте, остров кој во тоа време и припаѓал на Венецијанската Република, исто така беше познат поет и револуционер кој сакал да види слободна република основана во Венеција, по падот на Наполеон.
Венеција е исто така, поврзана со техничките аспекти на пишувањето. Градот беше локација за една од најраните преси за печатење на Италија, основани од Алдус Манутиус (1449-1515). [Уреди] Од овој почеток, Венеција се развивала како важен печатарски центар, па дури и до 18 век била одговорна за печатење na половина објавени книги во Италија. [се бара извор]
Венеција, особено за време на средниот век, ренесансата и барокот, беше голем центар на уметноста и разви уникатен стил познат како Венецијанскa школа. Во средниот век и ренесансата, Венеција, заедно со Фиренца и Рим, стана еден од најважните центри на уметноста во Европа, и бројни богати Венецијанци станаa покровители на уметноста. Венеција во тоа време беше богата и просперитетна Поморска Република, која го контролираше пространото море и трговската империја. [46] До крајот на 15 век, Венеција стана Европскиот главен град на печатењето, и беше еден од првите градови во Италија (после Рим и Субијако) да има печатарска преса, по оние во Германија, кои имаат 417 печатари од 1500 година. Најважната печатница беше Алдин прес на Алдус Манутиус, која во 1499 година ja отпечати Hypnerotomachia Poliphili, која се смета за најубавата книга на ренесансата, и воспостави модерна интерпункција, формат на страницата и накосени букви, и првото печатено дело на Аристотел. Во шеснаесеттиот век Венецијанското сликарство беше развиено преку влијанијата на Падуанската школа и Антонело да Месина, кој ја воведе техника сликање со мрсни бои на браѓата Ван Ејк. Тоа се одликува со скали на топли бои и живописната употребa на боja. Раните учители биле семејствата Белини и Виварини, следени од Џорџоне и Титиан, потоа Тинторето и Веронесе. Во почетокот на 16 век, исто така, имаше соперништво за тоа дали Венецијанското сликарствто треба да употребува disegno или colorito. [47] Платното за слики потекнува од Венеција за време на раната ренесанса. Овие рани платна беа генерално груби. Во осумнаесеттиот век Венецијанското сликарство дуждивеа ренесанса, поради Тиеполовото декоративно сликарство и панорамите на Каналето и Гварди.
Венеција е позната по својата работа со украсено стакло, познато како Венецијанско стакло. Тоа е светски прочуено поради тоа што е шарено и вешто направено.
Многу од важните одлики на овие предмети биле развиени до 13 век. Кон крајот на овој век, центарот на Венецијанската индустрија за стакло се пресели во Мурано.
Византиските занаетчии одиграа важна улога во развојот на Венецијанското стакло, уметничка дорма по која градот е познат. Кога Цариград бил освоен во Четвртата крстоносна војна во 1204 година, некои побегнати занаетчии дојдоа во Венеција. Ова се случи повторно, кога Отоманците го зазедоa Цариград во 1453 година, кои ја снабдија Венеција со уште повеќе работници со стакло. До шестнаесеттиот век, Венецијанските мајстори добиja уште поголема контрола над бојата и транспарентноста на нивното стакло, и совладале неколку декоративни техники.
И покрај напорите да се задржат Венецијанските техники за изработка на стакло во Венеција, тие станаа познати на друго место, и Венецијанскиот стил на производство на стакло беше употребуван и во други Италијански градови и други земји од Европа.
Некои од најважните трговски марки стакло во светот денес сè уште се произведуваат во историските фабрики за стакло во Мурано. Тие се: Венини, Баровиер & Тосо, Поли, Милеветри, Сегусо.[48] Баровиер & Тосо се смета за една од 100те најстари компании во светот, формирана во 1295 година.
Еден од најпознатите видови на Венецијански стакла се направени во Мурано, познати како Мурано стакло, којшто е познат производ од Венецијанскиот остров Мурано со векови. Ситуиран надвор од брегот на Венеција, Италија, Мурано беше комерцијално пристаниште уште во 7 век. До крајот на 10 век стана добро познат град на трговијата. Денес Мурано е одредиште за туристи и љубители на накит и уметност.
Карневалот во Венеција се одржува секоја година и почнува околу две недели пред Чиста среда и завршува на Мрсниот вторник. Карневалот е тесно поврзан со венецијанските маски. Венециското биенале е еден од најзначајните настани во уметничкиот календар. За време на 1893 година управуван од градоначалникот на Венеција, Рикардо Селватико, Венецијанскиот Градски Совет усвои регулатива и на 19 април да се постави Esposizione biennale artistica nazionale (Биенале на Италијанската уметност), и да биде свечено отворено на 22 април 1895 година. [49] По дејствијата за време на Втората светска војна, активностите на Биеналето беа прекинати во септември 1942 година, но продолжиja во 1948 година. [50]
На филмскиот фестивал во Венеција (италијански Mostra Internazionale d'Arte Cinematografica di Venezia) — најстариот филмски фестивал во светот. Основан од страна на Грофот Џузепе Волпи ди Мисурата во 1932 година како „Esposizione Internazionale d'Arte Cinematografica“, фестивалот оттогаш се одржува секоја година кон крајот на август или почетокот на септември на островот Лидо, Венеција, Италија. Проекциите се одвиваат во историскиот плоштад Palazzo del Cinema на Lungomare Marconi. Тоа е еден од најпрестижните светски фестивали и е дел од Венециското Биенале.
Венеција се јавува како тема и инспирација во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
Во својот расказ „Стаклениот лиценцијат“, Сервантес вели дека, кога не била откриена Америка, не постоел град кој е сличен на Венеција, а единствено Мексико може да ѝ се спротивстави. Притоа, тој вели дека целата Венеција и сите нејзини делови се достојни на славата што се шири за неа низ светот.[8]
„Венеција“ на Ризницата ? |
Оваа статија место во Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.