Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Васе Пандил Стаматовски ( 1923 во Тресонче, Дебарско — 13 ноември 1944 во Јаболци, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Произлегува од сиромашно семејство. Заедно со своите родители се преселил во Скопје. Во Скопје бил приклучен во подготовките за оружено востание против окупаторот. Стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада и бил борец во вториот баталјон. Се истакнал во борбите на бригадата против непријателот, како храбар борец и затоа му било доверено да стане пушкомитралезец. Посебно се истакнал во борбите кон приодите на Скопје. На 13 ноември 1944 година во уличните борби за ослободување на Скопје, учествувал во опколувањето на поголема група Германци во нивната офицерска менза што била сместена во зградата на бившото училиште Гоце Делчев. Без да чека посебна наредба се префрлил и приближил до утврдената зграда и со рафалите од својот пушкомитралез успеал да уништи голем број Германци. Во оваа последна борба, смртно бил погоден од непријателски куршум. Неговите останки биле закопани на скопските rpoбиштa.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.