вид растение од фамилијата зрнци From Wikipedia, the free encyclopedia
Буника или црна буника (науч. Hyoscyamus niger) — токсично растение од семејство на зрнците (Solanaceae) со потекло од Евроазија,[1] а денес распространето низ целиот свет.
Буника | |
---|---|
Буника | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Зрнцовидни |
Семејство: | Зрнци |
Род: | Буника |
Вид: | Црна буника |
Научен назив | |
Hyoscyamus niger L. | |
Во минатото се користела заедно со други растенија како мандрагората, лудото билје и татулата as an анестетик, но и во „волшебни напитоци“ поради психоактивните особини.[1][2][3] Дејството се одликува со халуцинирање и чувство на летање.[4] Билката традиционално се користела ширум Европа, Азија и арапскиот свет.[5] Римскиот природонаучник Плиниј Постариот говори за употребата на буниката во Стара Грција, каде се нарекувала „Аполонова билка“. Растението го земале свештеничките на Аполон за да дојдат до пророштва.[1]
Стеблото е исправено високо и до 1 метар. Листовите се широки и неправилно назабени. Цветовите се крупни , темножолти по боја, со розова нерватура. Плодот е кожурец во кој се наоѓа поголем број на семки. Семето по форма е неправилно овално, со димензии 1,6x1,4мм , по површината мрежесто.
Се размножува со семе. Се шири антропохорно. Никнува доцна напролет, цвета крај на јуни почеток на јули месец. Целото растение е отровно исто како и Atropa belladona. Содржи голем број на алкалоиди, можу кои најпознати се : хиосциамин, атропин, скополамин, и атросцин. Семето содржи вкупно 0,5 - 1% од алкалоидите, а од тоа хиосциаминот во семето се движи 0,05- 0,3 %. Целото растеније има непријатен мирис. Некаде се одгледува како лековито растение, при што се користат семето и надземните делови. Во афионот е каратински плевел. Имено во работната мостра на семенскиот материјал не смее да се најде ниту едно семе од буника. Буниката е рудерален плевел, бара почви богати со органска материја, расте по жубришта, а поретко и во окопни култури како пченка сончоглед. Во житни култури, доколку е присутен се остранува со хербициди врз основа на 2,4-D , MCPA.
Листовите и семето содржат хиосциамин, скополамин и други тропански алкалоиди.[1] Кај луѓето предизвикува халуцинации,[1] проширени зеници, раздразнетост и вцрвенување на кожата. Поретко забележани дејства се тахикардија, напади на грчење, повраќање, хипертензија, хиперпирексија и атаксија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.