село во Косово From Wikipedia, the free encyclopedia
Брод е село во јужниот дел на Косово[1] во планинскиот регион Гора, во општината Драгаш. Припаѓа на Призренскиот округ. Мнозинството од жители се Горанци, муслимани. Населението брои 1.544.
Горанците зборуваат нашински јазик. Малкумина кои живеат близу до градовите зборуваат албански или српски. Според пописот 1991 во Југославија, 54,8% од населението на регионот Гора се изјасниле дека зборуваат нашински јазик, бидејќи мнозинството на населението се Горанци.
Традиционалната горанска народна музика вклучува танц наречен Коло, која е кружен танц фокусиран на движењата на ногата. Танцот секогаш почнува со користење на десната нога и се движи во насока спротивна од стрелките. Колото обично е придружувано со инструментална музика направена често со зурла, кавал и тапан. Колото поретко е придружено со пеење како тие што се во соседните етнички групи: Албанците, Македонците и Србите.
Исто така постои и голем дел од историјата на Гораните во нивните текстови и песни. Уникатно, се пее за долго патување во Турција, за скршени срца и љубов. Нивните песни се вршат од страна на мажите и жените.
Брод е горанско село.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.550 јужнословенски муслимани.[2]
Според истражувањата во периодот 1936/37 година, родови во селото се:
Лековци (4 к.), Чучуловци (10 к.), Лајковци (8 к.), Томовци (6 к.), Помаковци (13 к.), Богдановци (10 к.), Миленковци (18 к.), Лиловци (8 к.), Смиљановци или Паскинци или Ѓунковци (6 к.), Вељановци (4 к.), Кољовци (3 к.), Мазникаровци (7 к.), Царовци (18 к.), Лиловци (8 к.), Смиљановци, Аврамовци (2 к.), Тркаљачовци (5 к.), Мацинци (13 к.), Кокица (2 к.), Шатинци (8 к.), Мандаковци (6 к.), Бајмаковци (6 к.), Пупевци (4 к.), Ѓурчевци (1 к.), Џемперовци (15 к.), Масларовци (10 к.), Цаковци (6 к.), Рахтевци (8 к.), Газинци (2 к.), Копачевци (3 к.), Кучкаревци (6 к.), Кечачевци (5 к.), Љокановци (7 к.), Мушевци (5 к.), Трупчевци (5 к.), Пуњевци (2 к.), Вељашевци (4 к.), Себинци (3 к.), Торбинци (28 к.), Ќунковци (1 к.), Чучинци (2 к.), Канговци (5 к.), Шокаровци (2 к.), Чекановци (6 к.), Шишовци (5 к.), Калинковци (5 к.), Кртовци (4 к.), Козицни (4 к.), Козаровци (4 к.), Цујковци (3 к.), Штичаревци (2 к.), Ќаиќевци (5 к.), Канговци (2 к.), Атулинци (7 к.), Прцановци (2 к.), Жилевци (4 к.), Зизинци (8 к.), Аклевци (8 к.), Рендовци (5 к.), Лиманчевци (4 к.), Буталеновци (1 к.), Полежинци (1 к.), Скендеровци (8 к.), Ачанкинци (4 к.), Балибогинци (8 к.), Прдеровци (1 к.), Ментовци (2 к.), Шутинци (2 к.), Лалинци (1 к.), Ќипринци (4 к.), Еминчевци (2 к.), Шутраковци (7 к.), Џаџинци (1 к.), Ќајиќи (5 к.), Џамперовци (6 к.), Шолинци (5 к.), Котларовци (5 к.), Василовци (4 к.) и Хатема (1 к.) помеѓу овие родови поголемиот број се староседелци. Но постојат и доселеници од други места, поблиски и подалечни.[3]
Од ова село има многу иселеници. Некои од муслиманите од ова село се иселиле во селата Урвич и Јеловјане во Полог, Македонија. Но иселеници може да се најдат и на други места во Македонија. Од селото се има иселено и православно население кое не сакало да го прифати исламот. Па така во Призрен има иселено неколку православни семејства кои имаат муслимански роднини во Брод. Во селото Долно Палчиште се наоѓа православниот род Наумовци и Клиповци (10 к.) кои таму се доселени од селото Брод во Гора. Во селото Теарце се наоѓа родот Велковци или Броданци (5 к.) кои исто така, таму, се доселени од селото Брод во Гора.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.