Братски сојуз
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Братскиот сојуз — македонско емигрантско друштво во Бугарија, формирано на 27 декември 1894 година во Софија. Негови организатори биле: Димитар Ризов, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Никола Наумов и Наум Туфекчиев. За претседател бил избран Трајко Китанчев, кој не ја прифатил должноста претседател на Македонскиот Комитет (не станува збор за подоцнежниот Врховен Македонски Комитет) [1]. Целта на друштвото била со:
зеднички труд и соединети сили да се работи за подобрување на положбата на браќата во Турција во име на политичкото ослободување[2].
Братскиот сојуз бил многу пореволуционертен во однос на другите македонски асоцијации во тој период. Набргу по формирањето на сојузот, Трајко Китанчев како претседател, почнал со подготовка и испраќање на првите чети во Македонија , всушност тоа била четата на арамискиот војвода Дедо Димо, а по него во Македонија со своја чета се нашол Никола Геројски. Во почетокот на 1895 година помеѓу Македонскиот Комитет, Млада македонска книжевна дружина (која била обновена во Мај 1894 година ) и Братскиот Сојуз , постоело недоразбирање и судир. Но набргу дошло до помирување. Трајко Китанчев во својство на претседател на Сојузот ги повикал останатите друштва во Бугарија на помирување и на 19 март 1895 година се одржал І македонски конгрес на македонските друштва , при што дошло до обединување на МК, ММД и Братскиот сојуз во една организација со заедничко име - Македонски Комитет подоцна познат како Врховен Македонски Комитет односно Врховен македонско-одрински комитет . Слевањето на Братскиот Сојуз во МК било крај на неговата самостојна дејност [3].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.