From Wikipedia, the free encyclopedia
Боби Дарин (роден како Валден Роберт Касото; 14 мај 1936 – 20 декември 1973)[1] ― американски музичар, текстописец и глумец, еден од најпопуларните тинејџерски идоли во 1950-тите и 1960-тите. Тој изведувал различни музички жанрови, како: џез, поп, рокенрол, фолк, свинг и кантри-музика.
Боби Дарин | |
---|---|
Боби Дарин во 1959 | |
Роден(а) | Валден Роберт Касото 14 мај 1936 Њујорк, САД |
Починал(а) | 20 декември 1973 37) Лос Анџелес, Калифорнија, САД | (возр.
Занимање |
|
Активен период | 1956–1973 |
Сопружник |
|
Деца | 1 |
Валден Роберт Касото е роден на 14 мај 1936 година, во Источен Харлем во Њујорк,[2] во сиромашно работничко семејство. Неговиот дедо по мајка потекнувал од италијанско семејство и умрел во затвор една година пред да се роди Боби. Неговата баба по мајка, Вивијан „Поли“ Ферн Валден, родена во 1891 година имала англиско, данско и норвешко потекло[3][4][5] и била водвиљ-пејачка.[6] Мајката на Дарин, Ванина Жулиет „Нина“ Касотто (родена на 30 ноември 1917 година), забременила со него летото 1935 година на нејзини 17 години. Нина и нејзината мајка решиле да му се претставува како нејзина сестра, а баба му дека му е мајка.[ потребен е цитат ]
Така, Дарин сметал дека неговата мајка Нина е неговата постара сестра, а дека неговата баба Поли, која го одгледала е неговата мајка.[се бара извор] Во 1968 година, кога Дарин имал 32 години и размислувал да влезе во политика, Нина му ја кажала вистината, наводно уништувајќи го Дарин.[7] Таа одбила да го открие идентитетот на неговиот биолошки татко и таа тајна ја однела во гроб кога починала во 1983 година.
Уште како тинејџер, Дарин свирел на неколку инструменти, вклучувајќи пијано, тапани и гитара. Подоцна научил да свири на хармоника и на ксилофон.[8]
Дарин уште во детството се преселил во Бронкс (во изнајмена куќа во Стејтен Ајленд).[9] Завршил на престижното средно научно училиште во Бронкс, а потоа се запишал на колеџот Хантер. По само два семестри го напуштил студирањето за да се посвети на актерска кариера.[10]
Дарин своето уметничко име, Боби Дарин, го зел откако почнал да снима песни.[11] Една верзија за тоа како го добил името е затоа што еднаш видел кинески ресторан наречен „Даринска патка“. Името на ресторанот всушност било „Мандаринска патка“ но другите букви биле изгорени.[12][13] Според друга верзија, тој го адаптирал од првото име на актерот Дарен Мекгавин. Тој рекол: „Моето вистинско име ќе остане Касото. Касото беше името на мајка ми и тоа ќе биде името на моите деца“.[11]
Во 1955 година, Дарин се запознал со Дон Киршнер[1] и почнале заедно да пишуваат џинглови и песни.[14] Во 1956 година, неговиот агент успеал да му издејствува договор со Decca Records.[1] Песните кои ги снимил со Дека слабо се продавале.[1]
Како член на групата текстописци наречена „Брил Билдинг“, Дарин се запознал со пејачката Кони Френсис, за која помогнал да се напишат неколку песни. Тие започнале романтична врска, но нејзиниот татко не го сакал Дарин и не ја одобрувал врската, па на крајот се разделиле. Во еден момент, Дарин сакал заедно да побегнат; Френсис изјавила дека тоа што не се омажила за Дарин била најголема грешка во нејзиниот живот.[15]
Дарин ја напуштил Дека и потпишал договор со Atlantic Records, каде што пишувал и аранжирал музика за себе и за други музичари.
По три просечни песни, неговата кариера почнала да се движи во нагорна линија во 1958 година откако го издал неговиот единствен рок-сингл „Splish Splash“.[1] Синглот станал хит и бил продаден во повеќе од милион примероци.[16][17] Неговото партнерство со Киршнер, кој не бил вклучен во пишувањето на таа песна, заврши во тоа време.[14]
Во 1959 година, Дарин ја снимил Dream Lover, балада која сам ја напишал и која се продала во неколку милиони примероци.[1] Неговата следна песна, „Mack the Knife“, стандард од операта „Три пени“ од Курт Вајл, имала џез-поп интерпретација.[1] Иако Дарин прво нејќел да ја објави како сингл,[18] песната се искачила и девет недели останала на прво место на топ-листата, била продадена во два милиони примероци и во 1960 година ја освоила наградата Греми за запис на годината. Истата година Дарин бил номиниран за Греми награда за најдобар нов изведувач, а „Mack the Knife“ добила награда од Гремиевата Куќа на славата.
По „Mack“ Дарин ја објавил „Beyond the Sea“, англиска џез-верзија на француската хит-песна од Шарл Трене „La Mer“.[1]
Неговиот успех од крајот на 1950-тите придонел Дарин да постави рекорд на посетеност на сите времиња во ноќниот клуб Копакабана на Менхетен и да настапува во главните казина во Лас Вегас.
Во 1962 година, Дарин почнал да пишува и пее кантри-музика; ги испеал песните „Things“ (САД бр. 3/Велика Британија бр. 2) (1962), „You're the Reason I'm Living“ (САД бр. 3) и „18 Yellow Roses“ (САД бр. 10). Двете последни песни биле снимени од Capitol Records, на која се приклучил во 1962 година, за три години подоцна да се врати во Атлантик.[19] Дарин го напуштил Капитол во 1964 година.[20] Две години подоцна, го имал неговиот последен хит-сингл во Обединетото Кралство, со верзија на песната од Тим Хардин „If I Were A Carpenter“, кој се искачил на 9-то место (бр. 8 во САД). Дарин ги пеел почетните и завршните песни од саундтракот на филмот од Волт Дизни од 1965 година, Таа проклета мачка! (That Darn Cat!).
Дарин напишал музика за неколку филмови во кои се појавил.
Прва поголема улога на филм Дарин ја имал во филмот Дојди септември (1961 година), романтична комедија за тинејџери со Рок Хадсон и Џина Лолобриџида. а во кој се појавува и 18-годишната актерка Сандра Ди.[1] Тие се запознале за време на снимањето на филмот и набрзо се венчале.[1] На 16 декември 1961 година им се родил син. Ди и Дарин глумеле заедно во неколку филмови, но со умерен успех.
Во 1961 година, Дарин имал улога на џез-музичар во Too Late Blues, првиот филм на Џон Касаветес за едно големо холивудско студио.[21] Во 1962 година, Дарин ја добил наградата Златен глобус за „Нова ѕвезда на годината - глумец“ за неговата улога во „Дојди септември“ .[22] Следната година бил номиниран за Златен глобус за најдобар актер за Точка на притисок.
Во 1963 година, Дарин бил номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога за неговата улога во Капетан Њуман.
Во текот на 1960-тите, Дарин станал политички активен и работел на претседателската кампања на демократот Роберт Ф. Кенеди. Тој бил присутен во хотелот „Амбасадор“ во Лос Анџелес за време на атентатот на Роберт Кенеди во јуни 1968 година. Истата година, Дарин открил дека жената која го одгледала е неговата баба, а не неговата мајка како што мислел, и дознал дека жената за која мислел дека му е сестра е всушност неговата мајка. Тие настани длабоко го погодиле Дарин и заминал во долг период на изолација.
Откако во 1969 година се вратил во Лос Анџелес, Дарин основал сопствена издавачка куќа, Direction Records.
Од 27 јули 1972 година, Дарин глумел во сопственото телевизиско естрадно шоу на NBC. Биле емитувани седум епизоди и завршило на 7 септември 1972 година. Од 19 јануари 1973 година, Дарин глумел во слично шоу на NBC под наслов The Bobby Darin Show. Шоу имало 13 епизоди, а завршило на 27 април 1973 година. Дарин потоа се појавил како гостин во други шоуа.[23][24]
На 1 декември 1960 година Дарин се оженил со глумицата Сандра Ди.[25] Тие се запознале на снимањето на „Дојди септември“.[26] На 16 декември 1961 година, тие добиле син.[27] Ди и Дарин се развеле на 7 март 1967 година.[28]
Втората сопруга на Дарин била Андреа Јегер, правен секретар со која се запознал во 1970 година [29] и се оженил на 25 јуни 1973 година, откако три години живееле заедно.[30][31] Четири месеци подоцна, во октомври 1973 година, тие се развеле.[30]
Дарин имал лошо здравје во текот на целиот свој живот. Уште како како доенче бил кревот, а од осум годишна возраст имал повторливи напади на ревматска треска поради што имал сериозно ослабено срце.[24] За време на неговата прва операција на срцето во јануари 1971 година, му биле вградени два вештачки вентили.
Во последните неколку години од неговиот живот, Дарин често добивал кислород за време и по неговите настапи.
Во 1973 година, Дарин добил сепса, огромна системска инфекција која дополнително го ослабнала неговото тело и влијаела на еден од неговите срцеви залистоци. На 11 декември истата година, тој закажал уште една операција на отворено срце за да ги поправи двата вештачки срцеви залистоци што ги вградил во јануари 1971 година.[1] Вечерта на 19 декември, хируршки тим работел повеќе од шест часа за да го санира оштетеното срце на Дарин. Набргу по завршувањето на операцијата во раните утрински часови на 20 декември, Дарин починал во собата за опоравување без да се освести. Имал 37 години.[32][33]
Последна желба на Дарин била неговото тело да биде донирано на науката за медицински истражувања, а неговите посмртни останки биле пренесени во медицинскиот центар UCLA веднаш по неговата смрт.[33]
Во 1990 година, Дарин бил примен во Куќата на славните на рокенролот, а го внел пејачот и негов близок пријател Пол Енка.[34] Во 1999 година, тој бил примен во Куќата на славата на текстописците.
На 14 мај 2007 година, за да му се оддаде почит на неговиот придонес за да го направи Лас Вегас „Светската престолнина на забавата“, Дарин добил ѕвезда на Булеварот на ѕвездите во Лас Вегас. Во Лас Вегас бил прогласен за еден од најголемите забавувачи од дваесеттиот век. Дарин има ѕвезда и на Булеварот на славните во Холивуд.
На Греми наградите во 2010 година, Академијата за снимање на Дарин му доделила постхумна награда за животно дело.
Студиски албуми
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.