From Wikipedia, the free encyclopedia
Бел шум — наједноставен стационарен процес. Се нарекува и потполно случаен процес.[1] Се означува со et, каде t = 1, 2, ... n. Терминот се користи во повеќе научни дисциплини, вклучувајќи ги физиката, телекомуникациите, статистички предвидувања и слично.
Тој се состои од низа на некорелирани случајни променливи кои имаат константни средина и варијанса.[2] Ако процесот има средина еднаква на 0 (σ=0), а претходните три услови важат, тогаш се добива бел шум со нула средина. Ако се внесе и дополнителен услов случајните променливи да се и независни (не само некорелирани), тогаш процесот се нарекува строг бел шум. Ако се претпоставува дека случајните променливи следат нормален распоред, во овој случај некорелацијата гарантира независност и процесот е строг бел шум. Овој процес се нарекува нормален бел шум.[1]
На оваа слика е прикажана симулација на нормален бел шум со нула средина. Со генератор на случајни броеви, добиени се 1000 вредности на бел шум кој следи нормален распоред со средина еднаква на нула и варијанса од еден. Белиот шум нема забележлива структура.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.