Аразли
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Аразли — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Аразли | |
Воздушен поглед на местоположбата на селото Аразли | |
Координати 41°22′N 22°28′E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 170 м |
Аразли на општинската карта Атарот на Аразли во рамките на општината | |
Аразли на Ризницата |
Денес, од селото нема никакви видливи остатоци.
Селото се наоѓало во областа Бојмија, сместено во јужното подножје на планината Плавуш.
Се наоѓало во северозападниот дел на Општина Валандово, од десната страна на реката Вардар, на надморска височина од 170 метри.[2]
Крај селото тече Аразлиска Река и оди во југозападен правец, па се влева во Вардар.
До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Удово, до кое има асфалтен пат.
За време на отоманскиот период селото било познато под името Аразли Менекли.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 90 домаќинства со 187 жители муслимани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Аразли живееле 350 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 100 Турци.[5]
Селото било наполно раселено по 1953 година, когашто броело 94 жители, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Аразли немало жители.[6] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | — | 78 | 94 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
На крајот од XIX век, Аразли било наполно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Аразли се наоѓале селата Ајранли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Удово. Покрај селото Аразли, во ова избирачко место се опфатени и селата Ѓулели, Башали, Баракли, Градец и Удово.[11]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.