From Wikipedia, the free encyclopedia
Ао (дневна светлина) ― едно од главните богови кои се неродените сили на природата во маорската митологијата. Ао е персонификација на светлината, облаците и обичниот свет, наспроти темнината (По) и подземјето.[1]:14
За него се зборува под многу облици или прикажувања, вклучително и Аотуроа (траен ден, овој свет)[2] и Аотахи (светол ден, свет на светлина и живот).[1]:14 Со неговите придружници Ата (утро) и Фаитуа (простор) Ао им се спротивставува на силите на темнината.[1]:14
Ао се појавува еволурајќи преки облиците на Аонуи, Аороа, Аоуенеке, Ао-уетара од темнината како дел од големите космолошки генеалогии во традициите на Те Арава, како дел од создавањето на универзумот.[1]:667
Аонуи, Аороа, Аопоури, Аопотанго, Аофетума, Аофекере, Аокахиуахиуа, Аоканапанапа, Аопакакина, Аопакареа и Аотакауе исто така биле атуаските имиња кои биле облаците од невремето, децата, од Тафириматеја, кои биле испратени да ги казнат неговите браќа по разделбата на неговите родители, Ранги и Папа.[1]:15
Во верзијата запишана од Хукики Те Ахукарами, главатар на Нгати Раукауа, Те Ао е роден од Те Ата, што и самиот потекнувал од темнината.[3] Последниот облик на Ао во верзијата на Хакики е Те Ао Марама.[3] Слична е и верзијата дадена од Каи Таху од Моераки.[4]
Во Тахити, Аонуи бил престојувалиштето на Тане во небото, и Аоаомараија е откривач на огнот; слична улога има и Мауи во другите делови на Полинезија.[1]:14[б 1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.