земја во состав на Обединетото Кралство From Wikipedia, the free encyclopedia
Англија (англиски: England) е најголемата земја во рамките на Обединетото Кралство. Во неа живее повеќе од 83% од населението на Обединетото Кралство, и го зафаќа поголемиот дел од островот. Таа граничи со со Шкотска на север и со Велс на запад.
Англија England
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Dieu et mon droit „Бог и моето право“ |
||||||
Кралска химна: | ||||||
Местоположбата на Англија (темнозелено) во Обединето Кралство (светлозелено) |
||||||
Главен град (и најголем) | Лондон 51°30′N 0°7′W | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Народности (2011) | 79,8% Бели британци 4,6% Друго бели 2,6% Индијанци |
|||||
Демоним | англичанин | |||||
Уредување | Уставна монархија | |||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
Основавање | ||||||
• | Обединување | 12 јули 927 | ||||
• | Унија со Шкотска | 1 мај 1707 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 130 279 км2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2019 г. | 56 286 961 | ||||
• | Попис 2011 | 53 012 500 | ||||
• | Густина | 432 жит/км2 | ||||
Валута | Британска фунта (GBP ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC+0) | |||||
• | (ЛСВ) | BST (UTC+1) | ||||
Датумски формат | дд/мм/год | |||||
Се вози на | лево | |||||
Повик. бр. | +44 |
Англија е именувана по Англос (Стар генитив на англискиот јазик, Енгла, па оттука староанглиски - Енгла ланд/Engla Land), едно од Германските племиња верувале дека потекнуваат во Ангелн во северна Германија, кои потоа се доселиле во Англија во 5 и 6 век. Оттука доаѓа и латинското име Англија/Anglia. На почетокот Англија била географски термин но не и држава, сè додека одделните кралства се обединиле под кралот Васекс во 10 век. На кратко обединета Англија потпаднала и под Данска власт под кралот Кнут, а потоа се одметнала и прогласила независност, пред повторно да е освоена од Војводата од Нормандија во 1066.
Седиштето на владата и на кралското семејство се наоѓа во Лондон. За разлика од Шкотска, Велс или Северна Ирска, Англија нема ни свој парламент ни своја влада. Нивната улога ја презеле Парламентот и централната Влада. При тоа е вообичаено за прашања кои директно ја засегаат Англија, делегатите од другите земји не гласаат во парламентот.
Англиското знаме, познато и како Крстот на Св. Ѓорѓија, претставува црвен крст на бела основа.
Другиот хералдички симбол е тудорската роза и три лава.
39 историски грофови (англ. Counties)
Тие 39 историски грофови постојат од доцниот среден век. Од половината на 20 век, грофовите имаат улога како административни подрачја, кои неколкупати се реорганизирани.
Современа административна поделба
Во текот на 20 век, административната поделба е делумно прилагодена на новонастанатите големи градови. На тој начин се променуваат и границите на наведените 39 историски грофови. Така на пример во 1965 се создава административен центар - Голем Лондон.
Англија се дели и на региони. За поподробно, видете: Региони во Англија
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.