From Wikipedia, the free encyclopedia
Амелија Фројнд, родена Рудигер или Амелија Луис (1824 – 1887)[1] од Прусија. Таа била пронаоѓач, уредник и борец за социјализам и еднаквост на жените.
Амелија Фројнд е родена во Прусија во 1824 или 1825 година.[2] Се омажила за д-р Јонас Чарлс Херман Фројнд на 18 март 1846 година во Лондон, кој бил доктор на Карл Маркс. Имале осум деца и откако сите се родиле Феунд станала активна во феминистичките општества.[3]
Во 1872 година таа го лансирала своето прво списание „Жена: Социјален преглед“ на кое таа самата била уредничка под името Амелија Луис. И покрај промената на името во „Социјален преглед“ во истата година, списанието објавувало позитивни ставови за образовната и родовата еднаквост и реформата на законите за работни односи.[3] Луис во 1874 година, објавила слично списание под името „Женско мислење“, но повторно за неколку месеци тоа списание престанало да постои. Списанието имало цел да не дозволи „едниот пол да одговара за другиот“.[4] Фројнд била заинтересирана за храната и нејзиниот подобрен шпорет бил прикажан во Институтот за пронаоѓачи.[3] Нејзиниот „народен шпорет“ бил наменет да заштеди гориво и да согорува слама или тресет. Патентиран шпорет содржел „фризлер“ пржел без стврднување.[5]
Во 1876 година таа лансирала неделно списание „Националниот реформатор за храна и гориво“ и тоа продолжило да се печати до 1876 година, кога паралелно го лансирала своето списание „Домаќинот: домашен весник“. Во меѓувреме, нејзиниот шпорет се здобил со награда на Париската изложба во 1875 година.[3] Шпоретот може да се користи како алтернатива на решетка со тоа што се употребува само третина или четвртина од горивото. Во 1879 година таа повторно објавила списание овој пат со наслов „Храна и здрави лисја“ и тоа траело осум месеци.[2] Ова било нејзиното последно објавување на списание.[4]
Нејзиниот син, Џон Кристијан Фројнд, во 1871 година објавил списание со наслов „Длабокото сино“ и тоа ги привлекло водечките социјалистички писатели и неговата мајка. Неуспехот на нејзиниот син го натерал да емигрира во Соединетите Држави во 1873 година. Фројнд била споменета во Њујорк Тајмс во 1881 година, но нема дополнителни достапни информации.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.