From Wikipedia, the free encyclopedia
Амазонки — митолошки народ составен од женски воини во старогрчката митологија и антиката. Херодот сметал дека се од регионот кој се граничи со Скитија во Сарматија (денес во Украина). Други историографии сметаат дека биле од Мала Азија,[1] а понекогаш и Либија.[2]
Значајни кралици на Амазонките се Пентесилеја, која учествувала во Тројанската војна, и нејзината сестра Хиполита, чиј магичен појас, подарен од нејзиниот татко Арес, бил причина за еден од подвизите на Херкул. Амазонските напаѓачи често биле прикажувани во битка со грчките воини во амазономахиите во класичната уметност.
Амазонките станале поврзани со многу историски луѓе во текот на периодот на Римското Царство и доцната антика. Во римската историографија, постојат повеќе споменувања на Амазонски инвазии во Мала Азија. Од почетокот на модерниот период, нивното име станало термин за женски воини.
Според Филис Чеслер, "во Амазонските општества жените биле мајки и единствените политички и религиозни водачи на нивното општество",[3] а исто така и единствените воини и ловци;[4] "кралиците биле избирани"[5] и очигледно "секоја жена би можела да се стреми и постигне целосен човечки израз".[6] Херодот објавил дека сарматите биле потомци на Амазонките и Скитите, и дека жените ги задржале античките обичаи на своите мајки", често ловејќи на коњи со нивните сопрузи, борејќи се во војните; и носејќи иста облека како мажите". Покрај тоа, рекол Херодот, "никоја девојка нема да се венча додека таа не убила маж во битка“. Амазонките играле улога во римската историографија. Јулиј Цезар зборувал за освојувањата на големи делови на Азија од страна на Семирамите и Амазонките. Иако Страбон бил скептичен во врска со нивната историчност, Амазонките биле сметани како историски факт во текот на антиката.[7] Неколку Црковни Отци зборувале за Амазонките како вистински луѓе. Средновековните автори ја продолжиле традицијата на лоцирање на Амазонките на север, Адам од Бремен сметајќи дека живееле блиску до Балтичкото Море и Павле Диаконус во срцето на Германија.[8]
Во некои верзии на митот, на мажите не им било дозволено да имаат сексуални односи или да живеат во Амазонската земја; но еднаш годишно, со цел да се спречи изумирањето на нивната раса, тие ги посетувале Гаргареаните, соседното племе. Машките деца кои биле резултат на овие посети биле или убиени, или вратени на нивните татковци; девојките биле чувани и израснати од страна на своите мајки, и обучени во ловот и уметноста на војната. Во другите верзии кога Амазонките отишле во војна тие не ги убивале сите мажи. Некои ги зимале за робови, и еднаш или двапати годишно тие имале секс со своите робови.[9]
Џорданис во "Гетика“ (560 г.), раскажува како по неколку векови, по инцидентот во кој Готските жени успешно им се спотивставиле на соседно племе, додека мажите биле зафатени со походот против фараонот Весосис, жените формирале своја сопствена војска на чело со Марпесиа и ја преминале реката Дон, напаѓајќи ја Азија. Нејзината сестра Лампеда остана во Европа за да ја штити мајковината. Тие репродукцирале со мажите еднаш годишно. Овие Амазонки ги освоиле Ерменија, Сирија, и цела Мала Азија, а дури и постигнувале до Јонија и Еолија, владеејќи над оваа огромна територија 100 години. Џорданис исто така споменува дека тие се бореле со Херкул, и во Тројанската војна, и дека помал контингент од нив останале во Кавказ до времето на Александар. Тој ги спомнува со име кралиците Меналип, Хиполита и Пентесилеја. Постои предание дека Тезеј учествувал во успешниот поход на Херкул против Амазонки и дека како удел во својот воен плен ја добил нивната кралица Антиопа, која е позната и како Меланипа, ноо тоа за неа не било страдање оти таа веќе била вљубена во него и му помогнала во заземање на некои градови. За нивната врска постои и предани според кое Тезеј ја грабнал кога таа му донела подароци на еговиот брод.[10]
Шпекулации дека идејата за Амазонките е врз основа на реалноста е заснована на археолошките наоди од погребувања, што укажуваат на можноста дека некои сарматски жени учествувале во битки. Овие наоди довеле научниците да укажуваат на тоа дека амазонската легенда во старогрчката митологија можела да биде "инспирирана од вистински жени воини".[11]
Докази за жени воини биле најдени во курганите во јужниот дел на Украина и Русија. Дејвид Ентони заклучил: "Околу 20% од скитско-сарматски" воински гробови "содржеле жени облечени за битка слично како и мажите што се облекувале, феномен што веројатно ги инспирирал грчките приказни за Амазонките".[12]
25% од воените погребувања биле на вооружени сарматски жени обично вклучувајќи поклонува.[13] Рускиот археолог Вера Ковалевскаја укажува дека кога скитските мажи биле далеку во борба или лов, номадските жени би требало да можат да се бранат себеси, нивните животни и пасишта. Со текот на времето Скитите напреднале во Азија и постигнале речиси хегемонијата во Блискиот Исток, имало период од дваесет и осум години, кога мажите би биле далеку на кампањи за долги периоди. Во ова време жените не само што би требало да се бранат, туку и да репродукцираат и ова би можело да биде потеклото на идејата дека Амазонките репродукцирале еднаш годишно со своите соседи, ако Херодот, всушност, ги базирал своите тврдења на факти.[13]
Кога минојската археологијата била сè уште во повој, теорија спомената во есеј во врска со Амазонките придонесена од страна на Луис Ричард Фарнел и Џон Мирс во 1908,[14] го постави нивното можно потекло во минојската цивилизација, обрнувајќи внимание на занемарените сличности помеѓу двете култури. Според Мирс, традициите на Амазонските култови изгледале многу слични и можеби дури и потекнувале од минојската култура.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.