Амазонитот, познат и како Амазонски камен, е зелен тектосиликатен минерал, разновидност на калиумовиот фелдспат наречен микроклина.[1][2] Неговата хемиска формула е KAlSi3O8.[3]

Thumb
Амазонит

Името на овој камен, потекнува од она на реката Амазон, од која порано се добивале зелените камења, но не е познато дали тие камења биле амазонити.[1] Иако се користел за повеќе од две илјади години, како што е потврдено со археолошките наоди во Египет и Месопотамија, ниту еден антички или средновековен авторитет не го споменува. Првпат бил опишан како посебен минерал дури во 18 век.[4]

Зелените и зеленикаво-сините сорти на калиумови фелдспати кои се претежно триклинички се означени како амазонити.[5] Тој е опишан како „прекрасна кристализирана разновидност на светло зелено“ и дека поседува „жива зелена боја“. Повремено се сече и се користи како скапоцен камен.[6]

Појава

Амазонитот е минерал со ограничена појава. Порано бил добиен речиси исклучиво од областа Миас во планините Илменски, 50 милји југозападно од Чељабинск, Русија, каде што се јавува во гранитните карпи.[1]

Сега е познато дека амазонитот се појавува на различни места низ светот. Тие места, меѓу другото, се следните:

Боја

Долги години, изворот на бојата на амазонитот беше мистерија.[7] Некои луѓе претпоставувале дека бојата се е предизвикана од бакар, бидејќи бакарните соединенија често имаат сина и зелена боја.[7] Студија од 1985 година сугерира дека сино-зелената боја е резултат на количеството олово и вода во фелдспатот.[7] Теоретски студии од 1998 година од А. Јулг ја прошируваат потенцијалната улога на алиовалентно олово во бојата на микроклинот.[8]

Други студии предложуваат дека боите се асоцирани со зголемената количина на олово, рубидиум и талиум. Една неодамнешна студија од 2010 година, исто така, ја вмеша улогата на двовалентно железо во зелената боја.[3] Овие студии и придружните хипотези укажуваат на сложената природа на бојата во амазонитот, со други зборови збирниот ефект на неколку взаемно вклучени и неопходни фактори.[4]

Здравје

Студија од 2021г, од германскиот „ Институт за Edelsteinprüfung„ (EPI) покажала дека количината на олово што истекува од 11 грама примерок од амазонит во кисел раствор кој симулира плунка ја надмина препорачаната количина на стандардот на Европската унија DIN EN 71-3:2013 за пет пати. Овој експеримент требаше да симулира дете кое голта амазонит, а исто така може да се примени и на нови велнес практики како што е вметнување на минералот во масла или пиење вода со денови.[9]

Галерија

Наводи

Дополнително читање

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.