From Wikipedia, the free encyclopedia
Алжирското метро (арап. مترو الجزائر العاصمة, берберски: Адубрид е ѕајер, француски: Métro d'Alger), коe служи во Алжир, главниот град на Алжир, е систем на метро кое датира од 1970-тите, кој било дизајниран да одговори на потребата за масовен превоз предизвикан од растот на градот. Официјално започнат во осумдесеттите години на минатиот век, проектот забавил како резултат на финансиските тешкотии и безбедносните проблеми во 90-тите години. Проектот одново започнал во 2003 година. Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика присуствувал на отворачката церемонија со сечење ленти на Метрото на 31 октомври 2011 година.[1] Алжирското метро потоа било отворено за патниците следниот ден, 1 ноември 2011 година,[2] што го направил Алжир само вториот главен град во Африка (по Каиро) што има метро систем.[6]
Алжирско метро | |||
---|---|---|---|
Општо | |||
Место | Алжир | ||
Тип на превоз | Метро | ||
Бр. на линии | 1[1] (2 планирани)[2] | ||
Бр. на станици | 19[3] | ||
Патници годишно | 40,032,641 (2018)[4] | ||
Мреж. место | metroalger-dz.com | ||
Сообраќање | |||
Почнал | ноември 1, 2011[2] | ||
Превозник | RATP Group El-Djazaïr | ||
Технички податоци | |||
Долж. на системот | 18.5 kм (11.5 ми)[3] | ||
Колосек | 1,435 mm (стандардна пруга)[5] | ||
Напојување | 750 V DC на трета пруга[5] | ||
|
Првата фаза од линијата 1, „Хај ел Бадр“ - „Тафура-Централна пошта“, која се протега на 9,2 km и 10 станици, била отворени за јавни услуги на 1 ноември 2011 година.[1] Продолжеток од 4 km од „Хаш ел Бадр“ до „Ел Харач Центар“ бил отворен за комерцијална услуга на 4 јули 2015 година по тест-проби во јуни.[7][8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.