From Wikipedia, the free encyclopedia
Алајдин Абази (Тетово, 1 ноември 1942 ) — македонски теоретски електротехничар и академик, универзитетски професор и член на МАНУ[1].
Алајдин Абази | |
---|---|
Алајдин Абази | |
Роден(а) | април 26, 1939 Тетово, Македонија, |
Живеалиште | Тетово |
Националност | Албанец |
Полиња | Електротехника, енергетија |
Установи | Електротехнички факултет во Приштина, Универзитет на Југоисточна Европа - Тетово |
Образование | Електротехнички факултет во Загреб |
Теза | (1977 докторска дисертација) |
Абажи е роден во Тетово, Република Македонија. Завршил на тетовската гимназија, а дипломирал во 1965 г. на Електро-техничкиот Факултет при Универзитетот во Загреб, Хрватска, каде што и магистрирал во 1973 година, а во 1977 и докторирал на истиот универзитет бранејќи ја докторската дисертација на тема "Складирање и неутрализирање на електрично полнење на изолациони филмови”. Во моментот е ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Од 1966 до 1969 тој работел како професионален инжeнер во регионот. Во 1969 тој се вработил на Универзитетот во Приштина каде и бил Декан на Техничкиот Факултет (1979-1981), а во 1985 бил назначен за редовен професор на Одделот за Теоретска Електротехника.
Од 1982 до 1990, паралелно со неговата академска работа бил избран и за Претседател на Одборот на Институтот за истражување и развој „Инкос“ и Заменик претседател на одборот за Електро-Економија во Косово. Тој бил член на Одборот на ЈУ-САД за Научна и Истражувачка Соработка.
Неговите интереси за образованието, умешноста и способноста за зборување на странски јазици му овозможиле да предава и истражува и надвор од земјата, вклучувајќи ја и работата на Универзитетот во Северен Велс во Велика Британија, Јаш во Романија, Тирана во Албанија и на Академијата за Науки и Уметности во Кина. Тој како стипендист на Фулбрајт има поминато една година на Универзитетот Западна Вирџинија во САД. Д-р Абази има издадено повеќе од педесет научни статии и има учествувано во голем број научни проекти.
Во 2001 г. професор Абази е назначен за директор на фондацијата ЈИЕУ Архивирано на 22 ноември 2008 г. во Тетово. По изградбата и отворањето на тетовскиот универзитет ЈИЕУ (Штулов универзитет), д-р Абази е назначен за ректор на универзитетот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.