Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Абу Даби (арапски: أبو ظبي — главен град и втор најголем град во Обединетите Арапски Емирати. Абу Даби лежи на остров во Т-форма во Персискиот Залив од страна на централниот западен брег. Градот се простира на површина од 67.340 км2, а во него живеат 859.749 (податоци од 2008)[2]
Абу Даби أبو ظبي Абу Заби | |||
---|---|---|---|
град | |||
Абу Даби | |||
Поглед на Абу Даби од Мартина Мол | |||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/ОАЕ" does not exist | |||
Координати: 24°28′N 54°22′E | |||
држава | Обединети Арапски Емирати | ||
Управа | |||
• Вид | Уставна монархија[1] | ||
• Шеик | Халифа бин Зајед е- Нахјан | ||
• Принц | Мохамед бин Зајед ел-Нахјан | ||
Површина | |||
• Вкупна | 67.340 км2 (26,000 ми2) | ||
Население (2008) | |||
• Вкупно | 859,749 | ||
• Густина | 293,94/км2 (76,130/ми2) | ||
Час. појас | стандардно време за ОАЕ (UTC+4) | ||
Мреж. место | Портал на Владата на Абу Даби |
Во Абу Даби се наоѓаат значајни градби на сојузната влада, а градот е седиште на Владата на Обединетите Арапски Емирати, а во него се наоѓа и домот на кралското семејство. Абу Даби прераснува во космополитска метропола. Неговиот брз развој и урбанизација, во комбинација со релативно високиот просечен приход на населението, го менува Абу Даби. Денес, градот е политички центар на земјата, центар на индустријата, како и најголем културен и трговски центар и поради својата положба како главен град. Градот сам, учествува до 15% од вкупниот БДП на Обединетите Арапски Емирати.[3][4] Абу Даби е дом на важни финансиски институции како што се берзата во Абу Даби, Централната банка на Обединетите Арапски Емирати и корпоративното седиште на многу компании и на повеќе мултинационални корпорации. Како главен град на земја, која е меѓу најголемите светски производители на нафта, Абу Даби активно ја шири својата својата економија во последните неколку години преку инвестиции во финансиските услуги и туризмот. Абу Даби е трет најскап град во регионот, и 26 најскапиот град во светот.[5]
Етимологијата на Абу Даби е неизвесна, но постојат многу различни толкувања. Едно од нив е дека во областа во која се простира градот имало Даби (елени), па градот е наречен по тоа. Друга приказна тврди дека градот е именуван по човек, којшто бркал елени, па бил наречен „човекот елен“ (на арапски јазик би можело да се преведе и како „татко на елени“), а потоа името го добило и местото на тој простор. Некои Бедуини местото го нарекле Ум Даби („мајка на елени“). Сепак, британските архиви се однесуваат на градот како Абу Даби и во согласност со книги напишани од арапските историчари и поети, името за првпат било употребено пред повеќе од 300 години.
Најверојатно, првото име било Ду Даби, со значење „со/поседување елени“. Зборот „Ду“, веројатно бил отфрлен, бидејќи се смета дека е премногу тежок или не се поклопува со идиомот на локалниот дијалект.
Во старите времиња, Абу Даби бил наречен „милх“ (арапски збор за „сол“), веројатно затоа што, градот се наоѓа покрај солена вода. Сепак, денес тоа е име на еден остров во близина на брегот на Абу Даби.[6]
Градот е основан во 1760 година. Врз основа на главниот град на ОАЕ, за градот е врзана една прекрасна легенда. Арапите-ловци од една оаза бркале газела. Газела долго трчала во пустината, а потоа го довела ловците на брегот на Персискиот Залив, каде се нурнала во водата и продолжила до островот. Ловците ја следеле, а газелата ги довела до извор на прекрасна слатка вода. Со благодарност, ловците газелата ја оставиле да живее, а во околината на изворот, се населиле и местото го нарекле „татко на газела„ што на арапски звучи како Абу Даби.
Градот се наоѓа на остров во Персисикиот залив, на околу 250 m од брегот на Арапскиот полуостров Островот е поврзан со копното со два сообраќајни моста.
Голем дел од градот се наоѓа на островот, но има и населби, кои се наоѓаат на копното, како што се: Халифа А, Халифа Б, Рана Бич, Меѓу два моста, Банија и Резиденција Мусафа.
Климата во Абу Даби е сува и жешка. Сонцето и синото небо се типични за сите периоди од годината. Периодот од април до септември е влажен, со високи температури, чиј просек е над 40 °C. Во тоа време, ожна е и појавата на песочнио бури, при што намалувањето на видливоста е и до неколку метри.
Од ноември до март е постудено. Во овој период можна е и појавата на слаба магла, а во некои денови можни се и врнежи. Просечната дневна температура во овој период од годината е околу 25 °C. Во оазата Ал-Аин, оддалечена на околу 150 км јужно од градот, во близина на границата со Оман, се регистрирани највсиоките температури во земјата. Сепак, пустинската клима и свежите утра, овозможуваат околу градот во текот на целата година да се разликува период на жешко лето и влажен период.[7]
Климатски податоци за Абу Даби | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 33.7 (92.7) |
38.1 (100.6) |
43.0 (109.4) |
44.7 (112.5) |
46.9 (116.4) |
48.8 (119.8) |
48.7 (119.7) |
49.2 (120.6) |
47.7 (117.9) |
43.0 (109.4) |
38.0 (100.4) |
33.4 (92.1) |
49.2 (120.6) |
Прос. висока °C (°F) | 24.1 (75.4) |
26.0 (78.8) |
29.5 (85.1) |
34.5 (94.1) |
39.3 (102.7) |
40.8 (105.4) |
42.1 (107.8) |
42.9 (109.2) |
40.4 (104.7) |
36.5 (97.7) |
31.1 (88) |
26.3 (79.3) |
34.46 (94.02) |
Сред. дневна °C (°F) | 18.8 (65.8) |
19.6 (67.3) |
22.6 (72.7) |
26.4 (79.5) |
31.2 (88.2) |
33.0 (91.4) |
34.9 (94.8) |
35.3 (95.5) |
32.7 (90.9) |
29.1 (84.4) |
24.5 (76.1) |
20.8 (69.4) |
27.41 (81.33) |
Прос. ниска °C (°F) | 13.2 (55.8) |
14.6 (58.3) |
17.5 (63.5) |
20.8 (69.4) |
23.8 (74.8) |
26.1 (79) |
28.8 (83.8) |
29.5 (85.1) |
26.6 (79.9) |
23.2 (73.8) |
18.7 (65.7) |
15.8 (60.4) |
21.55 (70.79) |
Најниска забележана °C (°F) | 5.0 (41) |
5.0 (41) |
8.4 (47.1) |
11.2 (52.2) |
16.0 (60.8) |
19.8 (67.6) |
16.5 (61.7) |
17.0 (62.6) |
19.0 (66.2) |
12.0 (53.6) |
10.5 (50.9) |
7.1 (44.8) |
5 (41) |
Прос. врнежи мм (ин) | 7.0 (0.276) |
21.2 (0.835) |
14.5 (0.571) |
6.1 (0.24) |
1.3 (0.051) |
0 (0) |
0 (0) |
1.5 (0.059) |
0 (0) |
0 (0) |
0.3 (0.012) |
5.2 (0.205) |
57.1 (2.249) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0,2 мм) | 1.2 | 2.8 | 2.8 | 1.2 | 0.1 | 0.0 | 0.0 | 0.1 | 0.0 | 0.0 | 0.2 | 1.5 | 9.9 |
Прос. релативна влажност (%) | 68 | 67 | 63 | 58 | 55 | 60 | 61 | 63 | 64 | 65 | 65 | 68 | 63.1 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 246.1 | 232.6 | 251.1 | 280.5 | 342.2 | 336.9 | 314.2 | 307.5 | 302.4 | 304.7 | 286.6 | 257.6 | 3.462,4 |
Извор: NOAA (1971–1991)[8] |
Главен вид на превоз во градот е такси. Во градот има широки и современи улици, со три ленти во секоја насока. Интересно е што во правец север-југ се протегаат патиштата, а во правец исток-запад улиците. Средината на улицата е поделба Ивица, кој обично е под дланка. Во средината на улиците, обично има тревни области, во кои се засадени палми.
Главниот економски центар е во северниот дел од градот, каде се наоѓаат неколку административни и финансиски центри, во населбата Корниш. Во овој дел од градот се изградени високи облакодери, а населбата е наречена „Менхетен на Блискиот Исток“. Остатокот од градот се вили на богатите жители на градот. Развојот на градот и неговиот современ изглед бил забрзан уште во 1980-тите. Но, и покрај овој развој, развојот на Дубаи во моментов, го прави градот Абу Даби поскромен и понеатрактивен. И покрај тоа, градот учествува со околу 15% од вкупниот БДП на земјата.
Во Абу Даби има неколку меѓународни и локални приватни училишта и универзитети. Во нив се говорат неколку јазици, кои ги зборува населението во градот.
Во 2009, на новозиградената писта на вештачкиот островот Јас се очекува да се одржи првата трка За големата награда на Абу-Даби во првенството во Формула 1.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.