From Wikipedia, the free encyclopedia
Аболиционизам (околу 1783-1888 г.) е движење за престанок на трговијата со робови и за еманципација на робовите во западна Европа и на американскиот континент. Во 1807 г. во САД и во британските колонии бил забранет увозот на робови од Африка. На британските Карипски Острови ропството било прекинато до 1838 г., како и во француските колонии 10 години подоцна. Сепак, во 11 држави на југот во САД ропството било општествена и економска институција. Американскиот аболиционизам работел под капата на хендикепот дека тој ја загрозува хармонијата на Северот и на Југот во Унијата, а, исто така, одел и против американскиот Устав, кој го оставил прашањето за ропството секоја посебна држава да го решава сама. Во 1863 г. Линколн ја издал Прокламацијата за еманципација, со која се ослободуваат робовите во државите во Конфедерацијата; со 13 амандмани на американскиот Устав (1865 г.) се забранува ропството во целата земја. Во Јужна Америка ропството се укинувало до 1888 г[1].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.