From Wikipedia, the free encyclopedia
Јуриј Иванович Венелин (русински: Юрій Іванович Венелін; роден Георги Хуца; 22 септември 1802 – 26 март 1839) бил русин славист, фолклорист, етнограф и филолог познат по неговите истражувања на јазикот, историјата и културата на Бугарија.
Јуриј Венелин | |
---|---|
Роден(а) | Георги Хуца 22 септември 1802 Тибава, Кралство Унгарија |
Починал(а) | 26 март 1839 36) Москва, Руска империја | (возр.
Венелин е роден во селото Велика Тибава во Субкарпатска Рутенија, Кралство Унгарија (денес во Украина).[1] Се запишал на Универзитетот во Лавов, а подоцна се преселил во Кишињев, каде се запознал со јазикот и историјата на бугарските иселеници.
Во 1830, тој бил испратен од Петербуршката академија на науките во Бугарија под Османлиска власт. Ги посетил бугарските градови Варна, Каварна и Силистра, каде запишал народни песни и приказни, стекнувајќи се со знаење за бугарскиот јазик од прва рака.[2] Во 1836, се запознал со бугарскиот емигрант Васил Априлов во Одеса, со кого водел активна кореспонденција.
Починал во Москва во 1839.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.