македонски симбол From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Сонцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет.
Спектакуларен примерок на ѕвездата е ископан во 1977 г. за време на археолошки ископувања во Кутлеш, Егејска Македонија, од страна на професорот Манолис Андроникос кај с. Кутлеш во околината на Постол. Тој го открил сонцето на златен ларнакс во гробниците на кралевите на Античка Македонија, која сметал дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски.
Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија.
Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шеснаесет.
Значењето на симболот денес не е сосема разјаснето. Во археолошките кругови постојат повеќе претпоставки за тоа дали симболот изворно на почетокот бил официјален симбол на Кралството Македонија, дали бил само симбол на војската или пак, едноставно претставувало украсно обележје.
Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16- краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.
Денес, симболот го користат скоро сите македонски здруженија во дијаспората, македонската општина Пустец во Албанија, многубројни организации во Македонија и беше државно знаме на Македонија од 1991 до 1995 година. Од друга страна пак, Грција вештачки го прифаќа како нивен симбол со тоа што Беломорска Македонија како провинција го има истото знаме но со сина позадина.
„ | Сонцето од Кутлеш не е грчки симбол, освен тоа што случајно се пронајде на денешната грчка територија. Денешните грчки симболи и античките грчки симболи се скоро еднакви бидејќи луѓето живееле на иста територија.[1] | “ |
Симболот и грбот на македонската општина во Албанија, Пустец официјален грб на општина пустец. Грбот се состои од златна 16 крака Ѕвезда од Кутлеш на црвена основа. Над Ѕвездата од Кутлеш стои натписот Општина Пустец на македонски јазик а додека на долниот дел стои натписот Komuna e Liqenas (Општина Пустец на албански јазик)
Грбот на ОМО Илинден - Пирин е службен грб на политичката партија на Македонците во Пиринска Македонија. На грбот е претставена зелена планина што ја симболизира Пиринска Македонија. Во позадина на планината е претставена Ѕвездата од Кутлеш и го симболизира македонскиот народ, територија, историја и идентитет. Во подножјето на планината се претставени три цвета. Македонците од Пиринска Македонија доста често го користат нашето национално знаме што се користеше до 1995 година. Дејствувањето на оваа политичка партија во Бугарија е речиси невозможно, а за прекршување на слободата на собири, државата беше осудена и од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.