американска рок-група From Wikipedia, the free encyclopedia
ZZ Top (транскрипција: Зизи топ) ― американска рок-група основана во Хјустон во 1969 година. До 2021 во составот на групата биле: пејачот и гитарист Били Гибонс, тапанарот Френк Берд и басистот и пејач Дасти Хил; Хил починал во 2021 година. Групата била препознатлива по специфичниот блуз-стил на Гибонс и ритамската секција од Хил и Берд. Познати се по нивните настапи во живо, досетливите и хумористични стихови во песните и карактеристичните долги бради на Гибонс и Хил.
ZZ Top | |
---|---|
ZZ Top настапуваат на Tons of Rock 2024. Од лево кон десно: Елвуд Френсис, Френк Берд, Били Гибонс | |
Животописни податоци | |
Потекло | Хјустон, Тексас, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1969–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | zztop.com |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
|
Зизи Топ издале 15 студиски албуми и се проценува дека продале околу 50 милиони музички записи.[1][2] Освоиле три МТВ видео музички награди, а во 2004 година, членовите од групата биле примени во Куќата на славните на рокенролот. Во 2015 година, списанието Ролинг Стоун го ставило Гибонс на 32-ро место на нивниот список од најдобри гитаристи на сите времиња.[3]
ZZ Top се основал по распадот на неколку тексашки рок и психоделични групи. Гитаристот Били Гибонс, кој претходно бил член на групата The Moving Sidewalks, се здружил со басистот Дасти Хил и тапанарот Френк Бирд, кои дошле од групата American Blues. Заедно почнале да создаваат свој уникатен стил заснован на ритам и блуз и блуз-рок елементи.
Во 1971 година групата го издала првиот албум, ZZ Top's First Album, кој немал особен успех во продажбата, но ги поставил основите на нивниот стил. Вториот албум, Rio Grande Mud (1972), привлекол поголемо внимание, а особено синглот „Francine“ кој бил нивен прв сингл кој се пласирал на топ-листите.[4]
ZZ Top во 1973 година го издале Tres Hombres, кој на почетокот од 1974 година стигнал до 8-мо место на американската топ-листа за албуми, Billboard 200. Албумот го содржел еден од најголемите хитови на групата, „La Grange“ (напишан за Chicken Ranch, озлогласен бордел во Ла Гранџ, Тексас, кој исто така бил инспирација за мјузиклот Најдобриот мал бордел во Тексас). Во вој период групата започнала со редовни турнеи.
Во втората половина од 1970-тите, ZZ Top издале уште неколку успешни албуми, меѓу кои Fandango! (1975), кој го содржел хитот „Tush“, и Tejas (1976). Во 1976 година, ZZ Top почнале да одржуваат концерти во големи арени и станале една од најпопуларните рок-групи во САД.
Албумот Degüello (1979) иако станал платинест стигнал само до 24-тото место на Билобордовата топ-листа.[5] Групата и понатаму била популарна концертна атракција и била на турнеја за поддршка на Degüello. Во април 1980 година, ZZ Top за прв пат настапиле во Европа, прво се појавиле на германската музичка телевизиска емисија Rockpalast (подоцна настапот бил вклучен на ДВД-то Double Down Live: 1980 и 2008)[6] и во емисијата на Би-би-си The Old Grey Whistle Test.[7] Групата го делела студиото на Би-би-си со англиската електронска група Orchestral Maneuvers in the Dark (OMD), за кои Гибонс сметал дека „се одлични“.[8] Инспирирани од ОМД, ЗЗ Топ вовеле карактеристичен стил на танцување во нивното шоу во живо и почнале да експериментираат со синтисајзери.[9] Нивните следни албуми содржеле помодерен звук.[10]
По настапите во Европа, ZZ Top го промениле музичкиот стил преку додавање на синтисајзерски елементи и поголема употреба на електроника. Овој стилски пресврт бил особено забележлив во албумот Eliminator (1983), кој станал нивен најуспешен албум.[11] На албумот се наоѓале сингловите „Gimme All Your Lovin'“, „Sharp Dressed Man“ и „Legs“ кои на групата ѝ донеле светска слава. Музичките спотови за овие песни беа честопати емитувани на MTV, што придонесе за нивната популарност.
Неколку музички спотови од албумот биле често емитувани на MTV, а групата ги освоила првите MTV Video награди во категориите Најдобро видео од група за „Legs“ и најдобра режија за „Sharp Dressed Man“.
Следниот албум, Afterburner (1985), исто така забележал голем успех и повторно бил заснован на синтисајзерски звук. Најпопуларни песни од овој албум биле „Sleeping Bag“ и „Stages“.[12] И покрај тоа што бил продаден во помалку примероци од Eliminator, Afterburner станал албум кој највисоко котирал на топ-листите за ZZ Top (четврто место на американската Билборд топ-листа),[12] со продадени пет милиони примероци.[13] Музичкото видео за „Velcro Fly“, нивниот последен топ-40 хит на Billboard Hot 100, бил во кореографија на идната поп-пејачка Пола Абдул.[14]
Албумот Recycler издаден во 1990 година, бил последен студиски албум на ZZ Top со Warner Records и последен албум од нивната „синтисајзерска ера“ и го означил враќањето кон поедноставниот блуз-звук. Recycler се стекнал со платинест статус, но го постигнал успехот на нивните два претходни албуми.
Во 1992 година, Ворнер го издал албумот со најголеми хитови ZZ Top's Greatest Hits.
Во 1994 година, групата потпишала договор вреден 35 милиони долари со RCA Records[15] и го објавила албумот Antenna кој означил враќање кон посуровиот блуз-звук. Следните албуми на RCA, Rhythmeen (1996) и ХХХ од 1999 година (втор албум со песни во живо) се продавале добро, но не го достигнале успехот на претходните албуми. Во 2003 година, ZZ Top го издале последниот албум со RCA, Mescalero, кој содржел микс на блуз и латино елементи.
Во 2004 година, ZZ Top биле примени во Куќата на славните на рокенролот, што било големо признание за нивниот придонес во музиката. Воведниот говор го одржал Кит Ричардс од Ролинг Стоунс.
Во 2012 година, го издале албумот La Futura, кој бил позитивно прифатен од критиката како враќање кон класичниот ZZ Top звук. [16] [17] Групата продолжила со концерти и настапи на фестивали низ цел свет, вклучувајќи настапи на големи музички настани.
Во јули 2021 година, Хил бил принуден да ја прекине турнејата по повреда на колкот.[18] Пет дена подоцна, на 28 јули, ZZ Top објавиле дека Хил починал во неговиот дом во Хјустон на 72-годишна возраст. [19] Неговата сопруга подоцна изјавила дека тој страдал од хроничен бурзитис.[20] На барање на Хил, ZZ Top продолжиле со Елвуд Френсис на бас.[18] Во август 2021 година, Гибонс потврдил дека Хил снимил бас и вокал за претстојниот шеснаесетти студиски албум на групата.[21]
На 22 јули 2022 година, ZZ Top го објавиле Raw, саундтрак од документарниот филм за групата од 2019 година Онаа мала стара група од Тексас. Ова бил еден од нивните последни албуми во живо со Хил.[22] На 21 јули 2023 година, ZZ Top започнале турнеја со Lynyrd Skynyrd. Вториот дел од турнејата започнала во март 2024 година во Савана, Џорџија.[23] На 2 март 2024 година во Ки Вест, ЗЗ Топ ја започнале турнејата Elevation.[24]
Студиски албуми
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.