американска рок-група From Wikipedia, the free encyclopedia
The Go-Go's ― поранешна американска женска рок-група основана во Лос Анџелес во 1978 година.[1] Најпознатата постава на групата се состоела од: Шарлот Кафи на главна гитара и клавијатури, Белинда Карлајл како главна пејачка, Џина Шок на тапани, Кети Валентин на бас и Џејн Видлин на ритам-гитара. Тие се сметаат за најуспешна женска рок-група на сите времиња.[2]
The Go-Go's | |
---|---|
The Go-Go's, ок. 1981 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | gogos.com |
Поранешни членови | |
|
Go-Go's биле прва женска група чии членови сами ги пишувале и ги изведувале песните.[3][4] Нивниот прв студиски албум Beauty and the Beat се смета за еден од „албумите-основоположници на американскиот нов бран“ (според AllMusic), кој го трасирал патот за многу други нови американски изведувачи.
Go-Go's се распаднале во 1985 година и сите членови од групата започнале соло-кариера, а Карлајл била најуспешна со неколку топ-5 синглови до крајот на 1980-тите. Тие неколкупати се составувале во 1990-тите и во 2001 година објавиле нов албум, God Bless the Go-Go's. Во 2011 година добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[5] Иако во 2016 година биле на проштална турнеја, групата повремено била активна и неколку години потоа. Од 2018 до 2019 година, на Бродвеј во театарот Хадсон бил прикажуван мјузиклот Head Over Heels кој ги содржел песните од Go-Go's.[6] Во 2021 година групата била примена во Куќата на славните на жени-текстописци[7] и во Куќата на славните на рокенролот, а набргу потоа групата објавила дека се распушта.[8]
Групата била основана во Лос Анџелес во 1978 година под името Misfits.[9] Основачки членови биле Шарлот Кафи, Белинда Карлајл (пејачка), Џејн Видлин (гитара, пратечки вокал), а во почетниот состав на Go-Go's исто така биле Маргот Олаварија на бас и Елиса Бело на тапани.[10] Групата била основана како панк-група.[11]
The Go-Go's потпишале со I.R.S. Records во април 1981 година. Нивниот прв албум, Beauty and the Beat, неочекувано станал хит: шест недели бил на врвот на американската топ-листа во 1982 година и добил двојно платинест сертификат. Во 2003 година, албумот бил ставен на 413 место на списокот од списанието Ролинг Стоун за „500 најдобри албуми на сите времиња“. Во овој период, Go-Go's почнале да стекнуваат база на обожаватели.[12]
Во 1982 година, групата била номинирана за Греми награда за најдобар нов изведувач.[13][14]
Следниот албум, Vacation, добил мешани критики и послабо се продавал од Beauty and the Beat. Во 1983 година, Vacation бил номиниран за Греми награда за најдобар омот. Групата заминала на пауза откако Шок била оперирана поради вродена срцева мана.
Во 1984 година, групата се вратила со издавање на албумот Talk Show.
Видлин, во октомври 1984 година, најавила дека ќе си замине од групата. Како нов бас-гитарист била избрана Пола Џин Браун (од Giant Sand), а Валентин се префрлила на ритам-гитара. Сепак Карлајл и Кафи набрзо сфатиле дека повеќе не работат со љубов во групата и во мај 1985 година решиле да ја распуштат Go-Go's.
Групата се составила за хуманитарен концерт во 1990, а во 1994 година објавиле ретроспективен албум под наслов Return to the Valley of The Go-Go's. Во 1997 година, Шок ги тужела другите членови на групата затоа што сметала дека не била соодветно платена за нејзиниот придонес по 1986 година и дека Кафи го прекршила договорот за пишување песни. Спорот бил решен во 1999 година и оттогаш Go-Go's редовно биле на турнеи.
Во 2001 година, групата (во „класичната“ постава) го објавила албумот, God Bless the Go-Go's. Пејачот од Green Day, Били Џо Армстронг, го напишал единствениот објавен сингл, „Unforgiven“. Групата, исто така, објавила ДВД од нивниот концерт во Централ Парк.[15]
Во 2020 година, на Санденс премиерно бил прикажан документарен филм за групата.[16][17] Документарецот го прикажувал основањето, подемот и распаѓањето на групата во 1980-тите, ги прескокнал тужбите и обединувањата во текот на 1990-тите и 2010-тите, а завршил со повторно обединување во 2019 година.[17] На 31 јули 2020 година, Go-Go's ја објавија својата прва нова песна по 19 години, „Club Zero“, која е вметната во документарецот.[18]
На 30 октомври 2021 година, долгогодишната обожавателка Дру Баримор ја внела групата во Куќата на славните на рокенролот.[19]
Во 2023 година, Белинда Карлајл изјавила дека групата се распаднала.[8]
Групата повторно се обединила во Сакраменто на 7 февруари 2024 година, за да биде примена во Калифорниската куќа на славните.[20]
Студиски албуми
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.