Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
SVG (од англ. Scalable Vector Graphics = „размерлива векторска графка“) е дводимензионална векторска графика на основа на XML со поддршка за интерактивности и анимации. Таа е отворен стандард што го изготвува Конзорциумот за Светската пајажина (W3C) почнувајќи од 1999 г.
Наставка | .svg, .svgz |
---|---|
MIME-тип | image/svg+xml[1][2] |
UTI | public.svg-image |
Творец | W3C |
Прва верзија | 4 септември 2001 |
Најнова верзија | 1.1 (II изд.) / 16 август 2011 |
Тип на формат | векторски графички формат |
Проширен од | XML |
Отворен формат? | да |
Мреж. место | w3.org/Graphics/SVG/ |
SVG-сликите и нивното поведение се зададени текстуално во XML-податотеки. Ова значи дека истите можат да се пребаруваат, индексираат, сценираат (со скрипта) и, по потреба, да се збиваат. Како XML-податотеки, сликите во форматот SVG можат да се создаваат и уредуваат со секој уредник на текст, но работата со нив е најзгодна во програми за цртање како Inkscape. Предноста на векторската графика е тоа што на сликите можат да се зголемуваат до бесконечност без никакви промени или загуби.
Денес сите позастапени прелистувачи како Mozilla Firefox, Internet Explorer 9 и 10, Google Chrome, Opera и Safari имаат поддршка за SVG во поголема или помала мера, и можат непосредно да исцртуваат (рендерираат) графички код.
Развојот на SVG почнува уште во 1999 г. од група фирми во состав на W3C, откако во 1998 биле поднесени конкурентни стандарди јазик за означување на прецизна графика (PGML, изведен од PostScript на Adobe) и јазикот за векторско означување (VML, од RTF на Microsoft) и искористени се нивните искуства.[3]
SVG допушта три вида на графички објекти: векторска графика, растерска графика, и текст. Графичките објекти, вклучувајќи ги растерските слики од форматите PNG и JPEG, можат да се групираат, стилизираат, вметнуваат/придодаваат во претходно исцртани објекти. SVG не нуди непосредна поддршка за z-индекси[4] што ај двојат редоследот на исцртување од редоследот во документот кај објектите што се преклопуваат, за разлика од некои други векторски графички јазици како VML. Текстот може да биде во било кој XML-именски простор соодветен за намената, кој ја достапноста на SVG-графиката и овозможува пребарливост на текстот. Во овој збир можности спаѓаат и трансформации, патеки за потсек, алфа-маски, филтерски ефекти, шаблонски објекти и менување на големината.
Почнувајќи од 2001 г, уредбата на SVG е надградена на верзија 1.1 (тековната препорака) и верзија 1.2 (сè уште работен нацрт). Препораката наречена SVG Mobile е предвидена со два упростени „профили“ на SVG 1.1, наречени SVG Basic и SVG Tiny, наменети за уреди со ограничени сметачки и приказни можности. SVG Tiny подоцна станал самостојна препорака (тековна верзија е 1.2) и претставува основа за SVG 1 февруари Покрај овие варијанти и профили, постои и уредба SVG Print (сè уште работен нацрт) со насоки за документи во SVG 1.2 и SVG Tiny 1.2 наменети за печатарството.
Иако главна задршка на уредбата во SVG е означниот јазик за векторска графика, во него се предвидени основни можности за јазик за опис на страница (PDL), како што е PDF на Adobe. Подготвен е со можност за богата графика и складност со каскадни стилски страници (CSS) за стилски цели. Така, тој се разликува од XHTML, чија главна цел е општење на содржини, а не ликовно претставување и укажува кои објекти треба да се прикажа, но не и каде треба да стојат. Наспроти тоа, SVG е идеален за употреба во печатарството, бидејќи ги содржи сите функции што го ставаат секој глиф и секоја слика на саканото место во конечниот изглед на страницата.[5] Во најново време се изготвува многу поспецијализиран вид на SVG, наречен „SVG Print“ на кого работат Canon, HP, Adobe и Corel) и засега е во облик на работна нацрт-верзија.[6]
Цртежите во SVG можат да бидат динамични и интерактивни. Видоизмените на графиката во однос на времетраењето се задаваат јазикот SMIL, или пак можат да се испрограмираат во сценариски (скриптен) јазик (како на пр. ECMAScript или JavaScript). W3C го препорачува SMIL како претпочитан стандард за анимирање во SVG.[7] На секој графички објект може да му се зададе богата палета на активности како оние поттикнати од доведување на глушецот врз објектот (onmouseover) и негово стискање (onclick).
Бидејќи се во XML, SVG-сликите содржат многу повторливи делови текст, па затоа се мошне погодни за алгоритми за беззагубно збивање (компресија). Кога една SVG-слика ќе се набие со соодветниот алгоритам gzip, тогаш се нарекува „SVGZ“-слика и ја има наставката .svgz
. Сите места што прикажуваат слики од SVG 1.1, воедно прикажуваат и набиени слики.[8] Една SVGZ-податотека има големина 20-50% од изворната.[9]
Уредбата SVG 1.1 определува 14 видови можности со свои функции:[10]
black
(црна) или blue
(сина) во шеснаесетеречен облик како #2f0
или #22ff00
, десетично како rgb(255,255,127)
или пак како постотоци во обликот rgb(100%,100%,50%)
.[15]<script>
(т.е. се ставаат на почетокот и на крајот). Тие можат да работат како одговор на нешто направено со стрелката на глушецот, тастатурата или со документот како таков.[25]<animate>
, <animateMotion>
и <animateColor>
. Ова може да се прави со менување на DOM користејќи ECMAScript и со вградените времебројачи на сценарискиот јазик. Анимирањето во SVG е предвидено за да биде складно со тековната и идните верзии на SMIL. Анимациите можат да бидат непрекинати, можат да се повторуваат (целите одново или нивни делови) и да реагираат на нешто активност од страна на корисникот според гореспоменатото.[26]<text>
.[27]<metadata>
, каде документот се опишува со метаподаточни својства во Dublin Core (на пр. наслов, творец/автор, предметна определница, опис итн). Можат да се користат и други метаподаточни шеми. Покрај сево ова, во SVG се зададени и елементи <title>
и <desc>
, каде авторите можат да внесат описен материјал за сликата во прост текст за да за да се овозможи индексирање, пребарување и добивање на различни начини.[28]Еден SVG-документ може да дава определби на составните делови како облици, постепено нијансирање итн и да ги користи на повторлив начин. Секоја SVG-слика може да содржи и растерска графика како слики во форматите PNG и JPEG, како и други SVG-слики.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.