From Wikipedia, the free encyclopedia
SQL (англиски: Structured Query Language, македонски: Структуриран Прашален Јазик) — доменски специфичен програмски јазик користен во програмирањето и дизајниран за управување со податоци чувани во систем за управување со релациони бази на податоци, или за обработка на проток во систем за управување со проток на релациони податоци. Практично се користи за справување со структурирани податоци, односно податоци кои претставуваат релации меѓу ентитети и променливи.[1][2][3][4] Униформен е, бидејќи сите податоци и резултати на операциите се прикажуваат во вид на табела и овозможува класично програмирање.Сè до верзијата -{SQL:1999}- овој јазик бил непроцедурален, односно нему му се специфицирало ШТО, а не и КАКО нешто да се направи.[5]
Творец на SQL јазикот е Доналд Чамберлин, а настанал во истражувачката лабараторија на ИМБ (англиски: IBM Research Laboratory) во Сан Хосе, Калифорнија во 1974 година, значи на истото место каде e Eдгар Фран Код во 1970 година ги дефинирал основите на релациониот модел на подататоци. Јазикот на почетокот се нарекувалSEQUEL (англиски: Structured English Query Language) и претставувал програмски интерфејс за (API) за System R, прототипски систем за управување со бази на податоци (SUBP) кои се развивал како дел од истражувачкиот проект под истиот назив.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.