NGC 188
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
NGC 188 (Колдвел 1, Caldwell 1) е расеано ѕвездено јато во соѕвездието Кефеј. Откриено е во 1825 г. од англискиот астроном Џон Хершел. За разлика од највеќето расеани јата што се расцепуваат и одвојуваат по неколку милиони години поради гравитациското заемодејство со нашата галаксија, NGC 188 е сместена далеку над галактичката рамнина и претставува едно од најстарите расеани јата.
NGC 188 | |
---|---|
NGC 188 | |
Податоци (епоха J2000) | |
Соѕвездие | Кефеј |
Ректасцензија | 00ч 48м 26с[1] |
Деклинација | +85° 15,3′[1] |
Оддалеченост | 5.400 сг[2] (1,66 кпс) |
Привидни димензии (V) | 15′ |
Физички особености | |
Полупречник | непозната |
Други назнаки | Cl Melotte 2,[1] Caldwell 1 |
Поврзано: Расеано ѕвездено јато |
NGC 188 е мошне блиску до северниот небесен пол (помалку од 5 степени), и бидејќи се наоѓа во соѕвездието Кефеј на околу 5.000 светлосни години, јатото има положба малку над дискот на Млечниот Пат и е подалеку од Галактичкото Средиште отколку што е Сонцето.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.