From Wikipedia, the free encyclopedia
Lactococcus е род на бактерии на млечно-киселинско вриење кои порано беа вклучени во родот Streptococcus Група N1.[2] Овие бактерии се хомоферментери што значи дека тие создаваат само еден производ со ферментација на гликозата, а во овој случај тоа е млечната киселина. Сепак, нивниот хомоферментативен карактер може да се промени со прилагодување на условите, како што се pH, концентрацијата на гликоза, итн. Лактококите се Грам-позитивни, каталаза-негативни, неподвижни коки, чии клетки може да се најдат како поединечни, во парови или да формираат вериги. Родот содржи видови кои можат да растат под температура од 7˚C.[3]
Lactococcus | |
---|---|
Lactococcus lactis | |
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Колено: | Firmicutes |
Класа: | Bacilli |
Ред: | Lactobacillales |
Семејство: | Streptococcaceae |
Род: | Lactococcus Schleifer et al. 1986 |
Видови | |
L. chungangensis |
Моментално се признаени девет видови на овој род, заедно со четири подвидови.[4] Тие се:
Овие организми се користат во млечната индустрија во производството на ферментирани млечни производи како сирења. Тие може да се користат во стартер култури составени од еден вид, или во мешани стартер култури составени од неколку видови на бактерии на млечно-киселинско вриење, како што се претставници на Lactobacillus и Streptococcus. Од посебен интерес се подвидовите L. lactis subsp. lactis и L. lactis subsp. cremoris, бидејќи тие највеќе се користат во прехранбената индустрија.[5] Главната цел во производството на млечни производи е брзото закиселување на млекото; ова предизвикува брз пад на pH вредноста на ферментираниот производ, што го спречува растот на бактериите кои предизвикуваат расипување. Бактериите, исто така, играат улога во вкусот на крајниот производ.[6] Лактококите се користат и во биотехнологијата. Тие лесно да се култивираат во индустриски размери на медиуми засновани на сурутка.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.