Во Средоземното Море, првите неколку децении од овој век се одликуваат со баланс на силите меѓу хеленистичките кралства на исток и големата трговска сила на Картагина на запад. Балансот бил нарушен со појавата на конфликт меѓу Картагина и Римската република.[1] Во следните децении, Картагина била прво понижена, а потоа уништена од Римјаните во Првата и Втората пунска војна. По Втората пунска војна, Рим станал најмоќната сила во западното Средоземје.
Во Индија, Ашока управувал со Мауријската империја. Во Тамилакам (јужна Индија), династиите Пандиа, Чола и Чера од класичниот период го доживеале својот подем.[2]
Во Кина, завршувал Периодот на завојуваните држави, откако Џин Ши Хуанг ги освоил другите држави и ја воспоставил краткотрајната Џин династија, која била првата кинеска империја по која во истиот век следела долготрајната Хан династија.[3] На Корејскиот полуостров, започнал протоисторискиот период. Во Монголија, Хунну биле на врвот од својата моќ.
299 п.н.е.: Самнитите искористиле шанса додека Рим бил ангажиран на Ломбардската низина и ја започнале Третата самнитска војна со платеници од Галија и помошта на нивните сабињански и етрурски сојузници.
298 п.н.е.: Самнитите ги победиле Римјаните под водство на Луциј Корнелиј Скипион Барбат во Битката кај Камерина, која била првата битка од Третата самнитска војна.
293 п.н.е.: Кинеската држава Цин со победата во Битката кај Јик ја намалила заканата од државите Веи и Хан.
Римските војски навлегле длабоко во самнитска територија и ги освоиле самнитските градови Тауразија, Бовијан Ветус и Ауфиден.
Агатокле, кралот на Сиракуза, Сицилија, им помогнал на италијанските Грци против италското племе Брутијци.
Птоломеј I Сотер конечно го довел бунтовниот регион Кирена под своја контрола. Власта ја препуштил на својот посинок Магас.
Биндусара го наследил својот татко Чандрагупта Маурија како император на Мауријанската империја.
Бил изграден театарот во Епидаур (со подоцнежни додатоци).
222 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Јан и Жао.
222 п.н.е.: Со поразот на Спарта во Битката кај Селасија завршила Клеоменовата војна.
221 п.н.е.: Со освојувањето на државата Чи, Чин Ше Хуанг ја обединил цела Кина во една империја во која бил вклучен и северен Виетнам, формирајќи ја династијата Цин.
208 п.н.е.: Чеу Ву Де го победил виетнамскиот крал Ан Донг Вонг.
207 п.н.е.: Чеу Ву Де ја основал Чеу династија во Виетнам.
206 п.н.е. - 202 п.н.е.: Граѓанска војна меѓу бунтовниците Чу и Хан во Кина по падот на династијата Цин.
202 п.н.е.: Римјани ја поразиле Картагина, со што завршила Втората пунска војна. Картагина ги изгубила сите свои територии освен главниот град, а Римјаните и наметнале тешки репарации.
Ератостен точно го пресметал пречникот на Земјата со камили и сенки.
Играта Го (или Веиќи), која е мислена, стратегиска игра станува длабоко вкоренета во кинеската култура, а се смета дека потекнува уште од II милениум п.н.е.
Во 293г. п.н.е. бил пронајден првиот римски сончев часовник.
Архимедов навој била пумпа која се користела за подигање на течности на повисоко ниво
Бил пронајден музичкиот инструмент хидраулис, кој е претходник на оргулите, од страна на Ктесибиј, грчки инженер кој работел во Александрија.
Кинескиот царот Хан Гаоџу открил елабориран механички куклен театар во ризницата на претходниот владетел Чин Ше Хуанг.
Огромниот Ду Цејанг Јан систем за наводнување во Кина бил изграден од Ли Бин во кинеската провинција Сечуан, во 256г. п.н.е.
Била изградена гробницата „Гробот на мирот“ во Черветери.
Кинеската свила за првпат стигнала на европскиот пазар.
Армиларни сфери, стара астрономска направа за мерење на координати на небесните тела, се користела како наставна алатка по астрономија.