From Wikipedia, the free encyclopedia
Бобовите (науч. Fabaceae) наречени и легуминозни (Leguminosae) се семејство на растенија - трета најголема фамилија на цветни растенија (по орхидеите и главоцветните), како и втората по стопанска и економска важност (после фамилијата на тревите).
Бобови | |
---|---|
Цвет на грашок. | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Angiospermae |
Нерангирано: | Eudicots |
Нерангирано: | Rosids |
Ред: | Fabales |
Семејство: | Fabaceae Lindl.[1] (Leguminosae Jussieu, nom. cons.).[2] |
Потсемејства | |
Caesalpinioideae | |
Разновидност | |
730 родови и 19,400 видови | |
Карта на распространетост на легуминозните растенија. Нив ги има воглавно во четири биоми: дождовна шума, умерен, тревен, и сукулентен.[3][4] |
Во бобовите растенија спаѓаат голем број на култивирани видови кои служат за исхрана на човекот и животните, како и за добивање на масла, влакна, нафта, природни ѓубрива, лекови итн. Фамилијата вклучува и неколку модел организми за генетски истражувања (како грашокот, со кој Грегор Мендел ги поставил основите на генетиката).
Овие растенија може да бидат едногодишни и повеќегодишни тревести растенија, грмушки, дрвја, лијани па дури и неколку водни растенија. Бобовите се често доминантни елементи на растителноста во умерените и тропските региони на светот. Особено се чести во тропските шуми и умерените грмушести региони со сезонски сува клима.
Претставниците од оваа фамилија имаат голема потреба за азот во нивниот метаболизам. Имено, овие растенија живеат во симбиоза со азотофиксаторски бактерии кои формираат нодули (грутки) на кореновиот систем на растението, каде го врзуваат атмосферскиот азот во нитрити и нитрати. Оваа симбиоза е еколошки необично важна, бидејќи единствено на овој начин азотот се инкорпорира во живата материја.
Морфолошки, претставниците од оваа фамилија се одликуваат со прости или сложени листови (перести или двојно перести), едноделни или триделни (како кај луцерката и детелината), а може и да се метаморфозирани (како кај родот Acacia). Кај некои видови, како Lathyrus, листовите се редуцирани во мустачки, а кај грашокот тие се спирално поредени, со стипули (прилисници) кои понекогаш може да се големи и листовидни. Листовите може да бидат метаморфозирани во трнови (како кај Prosopis и багремот).
Цветовите се симетрични или асиметрични (актиноморфни или зигоморфни, соодветно), хермафродитни, со еден натцветен плоден лист (карпела) кој може да биде хипогински (кога прашниците, чашкините и венечните ливчиња се прикачени за основата на јајчникот) или перигински (кога овие елементи не се прикачени за јајчникот, туку се распоредени околу него), петделни, поредени единечно или во рацемозни, игличести или главичести соцветија. Главната обединувачка одлика на фамилијата е плодот наречен легума. Со неколку исклучоци, легумите се еднокоморни (со една локула) мешунки, со париетална плацентација долж адаксијалната спојница (сутура) на плодот. Во јајчникот постојат два или повеќе семенови зачетоци (овули), поредени во два наизменични реда на плацентата.
Околуцветните листови се дводелни, односно диференцирани на чашка и венче. Чашката е претставена со 5 срасната чашкини ливчиња, додека венчето со 5 венечни ливчиња кои имаат карактеристичен распоред кој потсетува на раширени крилја на пеперутка (затоа фамилијата се нарекува и !пеперугоцветни„). Најгорното венечно ливче е најчесто најголемо и е превиено нагоре, а се нарекува знаменце (бајраче или Vexillum). Двете странични венечни ливчиња се крилца (allae), а најдолните две венечни ливчиња се сраснати со рабовите и се нарекуваат чамчиња (carina). Во чамчето се наоѓаат прашниците и плодникот.
Во фамилијата има околу 730 рода во кои се распоредени 20.000 вида. Постојат три потсемејства и околу 45 племиња:
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Тука припаѓа и племето Cercideae со четири или дванаесет рода и околу 265 вида, кое не може да се вклопи во било која од погоре наведените фамилии:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.