From Wikipedia, the free encyclopedia
Clostridioides difficile | |
---|---|
Колонии на C. difficile на крвен агар | |
Електронска микрографија на бактеријата | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Clostridioides |
Вид: | Clostridioides difficile |
Научен назив | |
Clostridioides difficile (Hall & O'Toole, 1935) Lawson & Rainey, 2016 | |
Синоними | |
Clostridioides difficile (син. Clostridium difficile), исто така позната како C. difficile, или C. diff, е Грам-позитивен вид на спороформни бактерии.[3] Clostridioides spp. се анаеробни, подвижни бактерии, сеприсутни во природата и особено во почвата. Нејзините вегетативни клетки се стапчести, плеоморфни, и се појавуваат во парови или кратки ланци. C. difficile е каталаза- и супероксид дизмутаза-негативна, и создава два типа на токсини: ентеротоксин A и цитотоксин B, кои ја нарушуваат цитоскелетната сигнална трансдукција кај домаќинот.[4] Под стресни услови, бактеријата создава спори кои се способни да толерираат екстремни услови.[5]
C. difficile е важен хуман патоген; според CDC, во 2017 имало 223,900 случаи на хоспитализирани пациенти и 12,800 смртни случаи во САД.[6] Иако C. difficile е позната како хоспитален и антибиотски асоциран патоген, најмногу една третина од инфекциите може да бидат следени на ниво трансмисија од инфициран пациент во болница,[7] и само мал број на антибиотици се директно поврзани со зголемен ризик за разој на C. difficile инфекција (CDI), имено клиндамицин, флуорокинолони и цефалоспорини.[8][9] Поголемиот дел од инфекциите се стекнуваат надвор од болниците, и повеќето од антибиотиците имаат слично ниво на зголемен ризик од инфекција како и многу неантибиотски ризик-фактори, како што се употребата на лаксативи и клизми.[10]
C. difficile исто така може да биде дел од нормалната цревна флора без да предизвика заболување.[11] Иако раните проценки индицирале дека C. difficile е присутна кај 2–5% од возрасното население,[5] неодамнешно истражување покажало дека колонизацијата на дебелото црево е тесно поврзана со историја на друго неповрзано дијароично заболување, како труење со храна или злоупотреба на лаксативи.[12] Поединци без историја на гастроинтестинални нарушувања, малку е веројатно да станат асимптоматски носители. За асимптоматските носители се смета дека се главен резервоар на инфекцијата.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.