From Wikipedia, the free encyclopedia
„Broken-Hearted Girl“ е песна од американската пејачка, Бијонсе Ноулс. Напишана е од Ноулс, Кенет „Бејбифејс“ Едмондс, Микел Сторлир Ериксен и Тор Ерик Хермансен, а продуцирана е од Ноулс и Stargate за третиот студиски албум на Ноулс, I Am... Sasha Fierce (2008). Како претходно најавен шести сингл од албумот, издавањето било одложено, а „Sweet Dreams“ служел како таков. „Broken-Hearted Girl“ подоцна станала седмиот сингл од албумот, издадена на 28 август 2009.
„Broken-Hearted Girl“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Бијонсе | |||||
од албумот I Am... Sasha Fierce | |||||
Страна Б | „Video Phone“ (Издолжен ремикс) | ||||
Издаден | 28 август 2009 | ||||
Текстописец | Бијонсе Ноулс, Кенет Едмондс, Микел Сторлир Ериксен, Тор Ерик Хермансен | ||||
Формат | ЦД сингл, спуштање | ||||
Снимен | 2007, Roc the Mic Studios (Њујорк Сити, Њујорк) | ||||
Жанр | Поп, Р&Б | ||||
Должина | 4:38 | ||||
Издавачка куќа | Columbia | ||||
Продуцент | Ноулс, Stargate | ||||
Хронологија на синглови на Бијонсе | |||||
|
Како Р&Б и поп балада, песната се движи во умерено темпо и користи пијано, жици и тапани. Добила претежно позитивни прегледи од музичките критичари кои го пофалиле гласот на Ноулс и користењето на пијано во песната. Се појавила на неколку музички табели и се искачила меѓу првите десет во Австралија, Бразил, Чешка, Германија и Ирска. Музичкото видео за „Broken-Hearted Girl“ потсетува на поранешна врска и прикажува неколку сцени кои враќаат во минатото.
Примерок на „пијано-баладата во средно темпо“ со нејзините жици и тапанската мелодија | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
„Broken-Hearted Girl“ е пијано-балада во средно темпо напишана од Бијонсе Ноулс, Кенет „Бејбифејс“ Едмондс и ко-напишана и продуцирана од Stargate. Песната била снимена во студиото Roc the Mic Studios во Њујорк Сити.[1] Напишана е во D-минор, со темпо од 84 удари во минута во вообичаен временски период.[2] Продукцијата и мелодијата е поддржана со жици и тапански удари.[3] Мариел Консепшон од Билборд напишал дека Ноулс „емотивно се топи“ во песната, „Јас не сакам скршено срце / И не сакам да ја играм улогата на девојка со скршено срце“.[4] „Broken-Hearted Girl“ користи примерок од кордната прогресија Dm–B♭–F(9)–F–C/E, додека вокалниот опсег на Ноулс се движи од F4 до F6.[2]
„ | Оригинално ова беше класична, целосна Р&Б песна, која ја напиша Бејбифејс. Тој дојде и смени еден акорд и напиша текст, а потоа додаде фалсето глас кога го снимивме демото. Оттука преминавме да ја смениме целата позадинска песна и неговиот вокал. Ги сменивме акордите и сè друго, а потоа се помеша пијаното. Песната е напишана во D-минор. Претпоставувам дека повеќето од нашите песни се во помали тоналитети. Најверојатно се потпревме на почувствителна, мелодична експресија. Тоа е нешто што доаѓа природно за нас. | “ |
— Stargate, [5] |
„Broken-Hearted Girl“ отпрвин требало да биде шестиот сингл од I Am... Sasha Fierce. Сепак, поради нерешени причини, „Sweet Dreams“ била издадена како таков. „Broken-Hearted Girl“ била потоа издадена како седмиот сингл од албумот.[6] Прво била издадена во Австралија и Нов Зеланд на 28 август 2009, а во октомври и ноември 2009 била издадена и на другите територии.[7][8]
Колим МекГуир од Pop Matters рекол дека „Пијано-баладријата на 'Broken-Hearted Girl' е едноставно повеќе Селин Дион отколку Арета Френклин“.[9] Нана Екуа Бру-Хемонд од Village Voice ја нарекла песната „романтично-комедиска саундтрак песна“.[10] Елиза Гарднер од USA Today ја одбрала „Broken-Hearted Girl“ како една од песните на I Am... Sasha Fierce кои треба да се спуштат,[11] додека Џенифер Винејард од MTV News забележал доминантност на пијаното и жиците во песната, додавајќи дека „гласот [на Бијонсе] покажува возджранот и пее во понизок регистар што ѝ дава поголема вокална моќ“.[12] Digital Spy ѝ дал на песната три од пет ѕвезди, фалејќи ги пијаното и жиците и "вокалите [на Бијонсе] пополнети со емоции“, но го критикувал користењето на тапан. Прегледот завршил со коментар дека покрај тоа што песната не е „магнетна“ како „Crazy in Love“ о „If I Were a Boy“ и не е „бесценета“ како сингловите на Destiny's Child од Writing's on the Wall и Survivor, туку е „доказ дека Бијонсе е една од најдобрите поп пејачи на нејзината генерација“.[13]
Микеланџело Матос од The A.V. Club почувствувала дека „Broken-Hearted Girl“ е „недовршена“,[14] додека Џесика Суарез од Paste напишала дека „командирскиот глас [на Ноулс] звучи необично тенко“ за време на песната.[15] Таа го нарекла пијаното „врискаво“ и не била убедена од текстот.[15] Ремикс на песната од Алан Браксе бил вклучен како четврта песна на европскиот макси-сингл. Метју Ричардсон од Prefix Magazine рекол дека ремиксот е „пријатна за клубови“ и слична со работата на Леона Луис.[16]
„Broken-Hearted Girl“ за првпат се искачила на Британската Табела за Синглови на педесет и шестото место на 3 октомври 2009. Се поместила на дваесет и седмото место на 14 ноември 2009 и излегла од табелата во декември 2009 по дванаесет поминати недели.[17] Исто така се искачила на дванаесеттото место на ОК Р&Б Табелата.[18] Песната била успешна низ цела Европам заземајќи го триесет и седмото место на табелата за Европски Хот 100 Синглови:[19] се искачила на дваесеттото место на Ирската Табела за Синглови,[20] каде останала девет недели,[21] и зазела дваесет топ место на Ерплеј Табелата на Чешка,[22] и Германската Табела за Синглови.[23] Се искачила и меѓи првите четириесет во Австрија и Словачка.[24][25] аи се појавила на Шведската Табела за Синглови[26] и на Белгиските Музички Табели.[24] Во Австралија, песната поминала две недели на четиринаесеттото место на ARIA Табелите за Синглови и девет недели меѓу првите педесет.[27] Песната се искачила на и на Бразилските Хот 100 Ерплеј Синглови.[28]
Ноулс ја извела „Broken-Hearted Girl“ на нејзината I Am... Tour. Настапот на песната бил овозможен на нејзиниот албум во живо, I Am... World Tour.[29] Снимањето на песната било прегледано на Yahoo! Music на 25 ноември 2010 пред издавањето на видеото на 29 ноември.[30]
Видеото за синглот било издадено на 16 јуни 2009 на Above and Beyoncé - Video Collection & Dance Mixes.[31] Видеото било режирано од Софи Мулер,[32] која претходно ги режирала „Déjà Vu“ и „Ring the Alarm“.[33][34]
Почетотко на видеото е снимен во црно-бела техника,[35] и ја прикажува Ноулс плачејќи во кола одејќи по плажа.[36] Додека плаче во колата, се сеќава на спомени од времето кое го поминала со нејзиниот партнер. Во моменталната сцена, Ноулс оди по плажа за подоцна да помести парче облека, превртувајќи го во камерата. Таа подоцна оди во водата со расплакани очи и пее во камерата. Во средината на песнатам видеото добива воја и Ноулс носи зелен фустан и држи црвена роза. Следува сцена која ја прикажува Ноулс како ја поправа розата, така што времето се враќа наназад, а таа ги додава цветовите. Видеото завршува повторно во црно-бела техника и Ноулс се врача во колата смеејќи се и потоа заминува.
|
|
Неделни табели
|
Годишни табели
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.