појаснителна страница From Wikipedia, the free encyclopedia
Ad maiorem Dei gloriam или Ad majorem Dei gloriam (кога "i" во латинскиот јазик има функција на согласка, тоа најчесто се чита "j")(македонски: За поголема Божја слава), познато и по кратенката AMDG е мотото на Исусовото општество, монашки ред во Римокатоличката црква, чии членови со познати како Исусовци. Оваа фраза се смета дека ја смислил основачот на редот Игнасио Лојололски и го претставува основниот принцип на дејствување на редот. Суштината во користењето на оваа фраза е сè што се прави во животот (работа, студии, молитва) да се прави за поголема слава на Бога.
Оваа фраза често е парафразирана и гласи:Ad majorem homini gloriаm (мак.За поголема човекова слава).
Фразата A.M.D.G. често била дел од потписите на Јохан Себастијан Бах[1] и на покојниот папа Јован Павле II[2].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.