From Wikipedia, the free encyclopedia
17 Лебед Флемстидова ознака за двоен ѕвезден систем во северното соѕвездие Лебед. Со привидна ѕвездена величина 5, системот, според Бортловата скала, може да се забележи со голо око на приградското небо во текот на ноќта. Мерењата направени со вселенското летало Хипаркос покажуваат годишна промена на паралаксата од 0,0478 ″, што е еквивалентно на растојание од околу 68,2 светлосни години или 20,9 парсеци од Сонцето. Има релативно високо сопствено движење, движејќи се низ небесната сфера со брзина од 0,451"/годишно.[11]
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 46м 25,59978с[1] |
Деклинација | +33° 43′ 39,3427″[1] |
Прив. величина (V) | 5[2] |
Особености | |
Спектрален тип | F7 V[2] + M0.4[3] |
B−V Боен показател | 0,46[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | +4,1[4] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: +23,25[5] млс/г Дек.: –449,31[5] млс/г |
Паралакса (π) | 47.8473 ± 0.1255[1] млс |
Оддалеченост | 68,2 ± 0,2 сг (20,90 ± 0,05 пс) |
Апсолутна величина (MV) | 3,40[2] |
Податоци | |
17 Cyg A | |
Маса | 1,24[6] M☉ |
Полупречник | 0,95–1,1[7] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 4,262[8] |
Сјајност | 3,66[8] L☉ |
Температура | 6.455[8] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 9[2] км/с |
Старост | 2,8[9] Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Ѕвездената класификација на примарната ѕвезда е F7 V, што значи дека е ѕвезда на главната низа како и Сонцето. Ѕвездата има маса за 1,24 пати поголема од масата на Сонцето и полупречник за 0,95 - 1,1 пати поголем од Сончевиот полупречник. Таа е со старост од околу 2,8 милијарди години и сјае со сјајност 3,66 пати поголема од сончевата. Делотворната температура на ѕвездената атмосфера е 6.455 K, што одговара на жолтобела обоеност карактеристична за ѕвездите од F-тип.[12]
На аголно растојание од 791,40 лачни секунди се наоѓа придружник со сопствено движење класифициран како M0.4, што укажува дека станува збор за ѕвезда, црвено џуџе. На проценетото растојание на парот, кое е еднакво на предвидено растојание од 16.320 АУ. Иако CCDM наведува постоење на уште четири придружници, тие физички не се поврзани со оваа двојна ѕвезда.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.