From Wikipedia, the free encyclopedia
1500 п.н.е. — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1500. година пред новата ера, 500. од вториот милениум п.н.е., 0. од 15 век п.н.е. и прва од 1500-тите п.н.е.
Грегоријански календар | 1501 п.н.е. MD п.н.е. |
Староегипетска ера | XVIII династија, 49 |
Асирски календар | 3250 |
Балиски календар | н/п |
Бенгалски календар | −2093 |
Берберски календар | −550 |
Будистички календар | −956 |
Бурмански календар | −2138 |
Византиски календар | 4008–4009 |
Кинески календар | 己未年 (зем. коза) 1196 или 1136 — до — 庚申年 (мет. мајмун) 1197 или 1137 |
Коптски календар | −1784 – −1783 |
Етиопски календар | −1508 – −1507 |
Еврејски календар | 2260–2261 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | −1444 – −1443 |
- Сачка ера | н/п |
- Кали-југа | 1600–1601 |
Холоценски календар | 8500 |
Ирански календар | 2122 п.п. – 2121 п.п. |
Исламски календар | 2187 п.х. – 2186 п.х. |
Јавански календар | н/п |
Јулијански календар | н/п |
Корејски календар | 833 |
Мингуо-календар | 3412 пред Р. Кина 民前3412年 |
Нанакшахи | −2968 |
Тајландски сончев календар | −958 – −957 |
Тибетски календар | 阴土羊年 (женска земја-коза) −1374 или −1755 или −2527 — до — 阳金猴年 (машко железо-мајмун) −1373 или −1754 или −2526 |
Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 4008 и 4009 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 3250 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 2260 и 2261 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 747 пред основањето на Рим.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1500 година се протега во 1136 и 1137, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 1196 и 1197 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, па така годината е 957 пред Буда да ја достигне блажената состојба. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 2186 и 2185 исламска година пред хиџра.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.