највисок државен домен на Обединетото Кралство From Wikipedia, the free encyclopedia
.uk — највисок државен домен за Обединето Кралство Голема Британија и Северна Ирска. Од март 2012 година, е четврт најкористен највисок домен по .com, .de и .net), со преку 10 милиони регистрации.[4][5]
Воведен | 1985 |
---|---|
Тип на домен | Највисок државен домен |
Состојба | Активен |
Регистар | Nominet UK |
Покровител | Nominet UK |
Наменета употреба | Ентитети поврзани со Обединето Кралство |
Фактичка употреба | Користен во О.К., особено поддоменот .co.uk |
Регистрирани домени | 10.548.616 (31 јануари 2014)[1] |
Ограничувања на рестрацијата | Беше забрането до 10 јуни 2014 [2][3] да се регистрира доменско име под доменот .uk. Без ограничувања за .co.uk, .me.uk, and .org.uk;други поддомени имаат некакви ограничувања |
Состав | Директни регистрации на второ и трето ниво под општи категории на второстепени домени, со исклучок на.sch.uk каде регистрацијата е на четврто ниво |
Правила при спор | DRS Policy |
Мреж. место | nic.uk |
DNSSEC | да |
Во октомври 1984, RFC 920[6] го започбнало создавањето на домени со употреба на државните кодови добиени од кодовите со две букви според список на ISO 3166-1. GB е кратенката за земјата во ISO 3166.Но, доменот .uk бил создаден одвоено пред да се користи списокто со ISO кратенките.[7] Последователно, .gb не се користел и не можеле да се направат регистрации под тој домен.
Нови регистрации директно под доменот .uk се прифаќаат од Nominet од 10 јуни 2014 година, но постои период за резаервации за постојаните корисници кои поседуваат запис со .co.uk, .org.uk, .me.uk, .net.uk, .ltd.uk or .plc.uk domain to claim the corresponding .uk domain, и овој период же трае до 10 јуни 2019 година.[8]
.uk го користи OpenDNSSEC од март 2010 година.[9]
Како и со другите домени на почеткот овој домен му бил доверен на личност, во овој случај Џон Постел.Потоа преминал кај Др Вили Блак од UKERNA. Првично барањата за домените биле праќани преку електронска адреса, прегледани па препратени кон UK Naming Committee пред да бидат обработени од UKERNA. Членството во комитетот било ограничено а група од стручни лица кои биле дел од договорените процедури .
Комитетот за именување бил организиран како список на пошта на кја кружеле сите предложени имиња. Членовите ќе го разгледале предлогот под одреден правилник кој барал сите доменски имиња да бидат слични на трговските имиња на регистрантот. Членовите на комитетот за именувања можеле да се спротивстават на кое било име, и доколку имало мал број на противења името се одбивало.
Во средината на 90-тите со порастот на семрежјето, и наследникот светската пајажина предизвикало лавина од барања за доменски имиња на нивоа кои не можеле да ги обработат група на волонтери управители. Оливер Смит од Demon Internet презел мерки обезбедувајќи го комитетот со серија на автоматизирани алатки наречени „автоматон“, кои го формализирале и автоматизирале процесот од почеток до крај. Ова овозможило многу барања за запишување да бидат обработни брзо и едноставно, и инспирирало луѓе како Иван Поп да изнајдат нови побрзи начини за регистрација.
Различни планови биле претставени како можен начин за управување на доменот, најчесто давателите на мрежни услуги сакале да преземат дел од управувањето, кои пак не биле прифатливи за остатокот од комитетот. Како одговор на ова Д-р Блак предложил непрофитно здружение да раководи со доменот .uk. Трговските интереси го попречувале, но со широка поддршка во 4996 година бил формиран ценатарот за мрежни информации Nominet UK, кој работи до ден денешен.
Општите правила биле создадени од комитетот за именувања. Nominet не ги изменил овие правила, иако бил воведен нов второстепен домен за физички лица .me.uk.
До 10 јуни 2014 година било забрането регистрирањето на доменски имиња под доменот .uk (како на пример internet.uk) се користеле третостепени доменски имиња (како internet.co.uk).
Сепак, некои домени пред создавањето на Nominet UK останале. Примери се mod.uk, parliament.uk, bl.uk Архивирано на 26 март 2012 г. и british-library.uk Архивирано на 7 октомври 2007 г., nls.uk, nhs.uk , и jet.uk. Не се прифаќаат нови 'нормални' регистрации на второстепени домени, иако постои систем за приаќање на нови второстепени доменски имиња за зголемување на апацитетот на системот. Но вакви прераспределби се случуваат мошне ретко. Моментално правата за доменот .uk се поседуваи од Nominet UK.[10] Можно е директно да се регистрира доменско име преку Nominet UK, но е полесно и побрзо истото да се направи преку регистарот на Nominet.
.co.uk, .ltd.uk, .me.uk, .net.uk, .nic.uk, .org.uk, .plc.uk and .sch.uk се управувани од Nominet UK и со исклучок на .nic.uk се достапни за регистрација на јавноста. Други второстепени домени се раководени од владини агенции, а со тоа и построго контролирани.
Доделувањата се спроведуваат според начелото прв дојден, прв услужен. Не постојат територијални ограничувања: барателите не мораат да имаат никаква поврзаност со О.К., освен оние кои се поврзани со .ltd.uk и други ограничени домени.
.co.uk е еден од најупотребуваните домени, по него следат .org.uk па .me.uk. .plc.uk и .ltd.uk останатите се користат ретко. Бројот на нови регистрации за секој од различните домени на .uk од месец за месец може да се проверат на страницата на Nominet (www.nominet.org.uk/intelligence/statistics/registration/)
Наменетото ограничување на .co.uk за претпријатијати било само номинално, во практиката било отворено за регистрација на сите баратели. Како и .org.uk кој домен е наменет за организации, нема ограничувања за регистрирање на домени. Додека па .me.uk првично немал ограничување на регистрациите во поново време се бара од регистрантите да бидат физички лица.
Сепак, запишаните на .ltd.uk мора да останат, друштва со ограничена одговорност според законите на Обединетото Кралство. Во продолжение, имињата може да се регистрираат ако се во согласност[13] со правилата за регистрација, со точното име на претпријатието, запишано во регистарот на претпријатија. Истите услови важат и за јавните претпријатија кој сакаат да го користат доменот .plc.uk. Овие домени не се во широка употреба.
.net.uk е посободен домен, но правилата на Nominet побаруваат дека барателот мора да биде давател на мрежни услуги, или слични тела, и дека тој домен не се користи обезбедување на услуги на крајните потрошувачи. .nic.uk, е пак само поврзан со работата на Nominet.
.ac.uk доменот е наменет за употреба на високите образовни институции, а се користи и за придружни акдемски тела(www.ucas.ac.uk), истражни центри, како и академски друштва (royalsoc.ac.uk Архивирано на 4 јуни 2005 г.). Основните и средните училишта го користат .sch.uk.
Невообичаено, домените .sch.uk се доделуваат на четврто ниво, третото ниво е наменето за месната власт како на пример schoolname.leaname.sch.uk. Претходно барањата биле поднесувани на вообичаен начин, отакако Nominet се договорило со образовните власти, по еден домен бил доделен автоматски на секое училиште. Тие кои имале регистрирано доменско име на co.uk добиле ново име, и можеле да се пренасочат одо нивното доменско име на доменот co.uk.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.