From Wikipedia, the free encyclopedia
Шумската жаба (Lithobates sylvaticus или Rana sylvatica[2]) е широко распространета во Северна Америка. Таа е едиснствената жаба која живее посеверно од Северниот Поларник. Изгледа како да е обична кафена жаба, меѓутоа во текот на зимата може да ѝ замрзнат до 70% од телото, а во таква состојба може да преживее и неколку месеци. Притоа и се забавени работата на срцето, дишењето, протокот на крв и работата на мозокот, но внатрешноста на самите клетки не се замрзнува, благодарејќи на посебните материи кои дејствуваат како антифриз.[3] Во рана пролет телото на жабата почнува да се одмрзнува, па за неколку часа таа почнува да потскокнува. Набрзо по будењето од зимскиот сон, шумската жаба заминува кон барите каде се одвива парењето. Од јајцата кои плутаат по водата наскоро излегуваат полноглавци. Нивниот развој во водата е исто така мошне брз, па до средината на летото тие ги напуштаат барите и се претвораат во возразни жаби. Летните месеци шумските жаби ги поминуваат по влажни шуми, а се хранат со остатоци од растенија, алги, пајаци, бубачки, полжави, ларви од бубачки и јајца или ларви од други водоземци, вклучително и шумски жаби.[4]
Шумска жаба | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Оддел: | Chordata |
Класа: | Amphibia |
Ред: | Anura |
Семејство: | Ranidae |
Род: | Lithobates |
Вид: | L. sylvaticus |
Научен назив | |
Lithobates sylvaticus (Леконт, 1825) | |
Распространетост на шумската жаба во Северна Америка | |
Синоними | |
|
Шумската жаба варира во должина од 51 до 70мм. Женките се поголеми од мажјаците.[5][6] Возрасните шумски жаби вообичаено се посветло или потемнокафеави или со боја на ’рѓа, а околу очите се потемно пребоени.[7] Одредени жаби се во можност да варираат со бојата на кожа; Конант (1958) забележал една единка која била светлокафена и темнокафена во два различни наврати. Долниот дел од шумските жаби е бледо пребоен со жолти или зелени варијации.
Шумската жаба може да се најде од северна Џорџија и североисточна Канада на исток до Алјаска и јужна Британска Колумбија на запад.[8] Најраспространета е во Алјаска.
„Шумска жаба“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.