From Wikipedia, the free encyclopedia
Јулиус Штрајхер (12 февруари 1885 - 16 октомври 1946) бил значаен нацист пред и за време на Втората светска војна. Тој бил издавач на нацистичкиот весник „Дер штурмер“ (Der Stürmer, Јуришник), што станал дел од нацистичкиот пропаганден погон. Неговата издавачка куќа издала три антисемитистички книги за деца, вклучувајќи ја „Отровната печурка“ (Der Giftpilz, 1938), едно од најраширените пропагандни дела, коешто предупредува за намамливата опасност од Евреите, користејќи метафора со привлечна, но смртоносна печурка. По војната, бил осуден за злосторства против човештвото и бил погубен.
Јулиус Штрајхер | ||
Роден | 12 февруари 1885
Флајнхаузен, Баварија, Германија | |
---|---|---|
Починал | 16 октомври 1946
Нирнберг, Германија, погубен со бесење | |
Занимање | Издавач на „Дер штурмер“ | |
Сопружник | Кунигунда Штрајхер | |
Татко | ||
Родители | Фридрих Штрајхер и Ана Вајс |
Оваа статија поврзани со Третиот Рајх е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.