село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Шашаварлија — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Шашаварлија | |
Воздушен поглед на селото Шашаварлија | |
Општина | Штип |
Население | 79 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 30070 |
Надм. вис. | 740 м |
Шашаварлија на општинската карта Атарот на Шашаварлија во рамките на општината | |
Шашаварлија на Ризницата |
Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општината Штип, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци, сместено во сливот на реката Отиња. Селото е планинско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Штип, населбата е оддалечена 11 км.[2]
Селото е сместено во областа Јуруклак, во западните падини на планината Плачковица.
Атарот на селото Шашаварлија се граничи со атарите на селата: на југ со Чифлик, на запад со Калапетровци, на северозапад со Мал Габер, на север со Никоман и на југоисток со селата Ново Село и Липов Дол.
Подрачјето на Шашаварлија е населено барем од доцноантичко време, за што сведочат остатоци на населба на наоѓалиштето Чепрево.[3]
Атарот зазема простор од 17,3 км2. На него пасиштата зафаќаат површина од 830 ха, на шумите отпаѓаат 630 ха, а на обработливото земјиште 210 ха.[2]
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шашаварлија живееле 730 жители, сите Турци.[4]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година селото имало 541 жител, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци.[6]
Населбата е мала, којашто во 1961 година имала 286 жители, од кои 219 биле Македонци, а 58 жители Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 126 жители, од кои 85 се Турци, а 41 жители Македонци.
На пописот од 2002 година, селото имало 108 жители, од кои 23 Македонци и 85 Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 79 жители, од кои 10 Македонци, 1 Албанец, 67 Турци и 1 лице без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 339 |
1953 | — | — | 333 | — | 25 | — | ... | — | — | 358 |
1961 | 219 | — | 58 | ... | ... | — | ... | — | — | 285 |
1971 | 208 | — | 27 | — | ... | — | ... | — | — | 235 |
1981 | 86 | — | 45 | — | — | — | ... | — | — | 131 |
1991 | 59 | — | 90 | — | — | — | — | — | — | 149 |
1994 | 41 | — | 85 | — | — | — | — | — | — | 126 |
2002 | 23 | — | 85 | — | — | — | — | — | — | 108 |
2021 | 10 | 1 | 67 | — | — | — | — | — | 1 | 79 |
Кон крајот на XIX век, Шашаварлија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Штип.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Радање, во која покрај селото Шашаварлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Шашаварлија во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Калапетровци, Кошево, Никоман, Почивало и Шашаварлија.
Во селото постои избирачкото место бр. 2313 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Калапетровци.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[11]
Археолошки наоѓалишта[3]
Џамии
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.