Шат ел-Араб (арапски: شط العرب, „Арапски Поток“; персиски: اَروَندرود, Арванд[1] = „Брза“) — река во Југозападна Азија со должина од 200 км. Се создава со спојување на Тигар и Еуфрат кај местото Курна во покраината Басра во Јужен Ирак. Јужниот крај на течението ја исцртува границата помеѓу Ирак и Иран, сè до устието во Персискиот Залив. Во ширина се движи од 232 м кај Басра до 800 м во устието. Се смета дека реката настанала релативно доцна во геолошки рамки, а пред тоа Тигар и Еуфрат се влевале во Персискиот Залив преку друг водотек на запад.
Шат ел-Араб | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Персиски Залив |
• надм. вис. | 0 м |
Должина | 200 км |
Особености на сливот |
Од иранска страна на реката ѝ се приклучува притоката Карун и донесува големо количество мил. Поради ова, коритото мора постојано да се ископува за да се задржи пловноста.[2]
Во поречието е сместена најголемата шума на урмини палми во светот. Во средината на 1970-тите, подрачјето имало 17-18 милиони дрва, или 1⁄5 од вкупниот број во светот. Меѓутоа, веќе во 2002 г, воените судири, штетниците и солта уништиле преку 14 милиони палми, од кои 9 милиони во Ирак и 5 милиони во Иран. Голем број од преостанатите 3-4 милиони дрва се во лоша состојба.[3]
Во персиската книжевност и епот „Шахнаме“ (977-1010), името اروند Арванд се однесува на Тигар, кој е една од реките што го сочинува Шат ел-Араб.[4] Поимот почнал да се однесува на оваа река во периодот на Пахлевите и опстојува како таков и по Иранската револуција (1979) до денес.[4]
Поврзано
- Хузестан
- Басра
- Месопотамија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.