Четириношците (науч. Tetrapoda) се ‘рбетни животни со четири екстремитети. Во групата спаѓаат водоземците, влекачите, птиците и цицачите. Дури и змиите и другите безноги влекачи и водоземци по потекло се четириношци. Најраните четириношци еволуирале од резноперките во периодот Девон.[1] Денес четириношците сочинуваат предоминантен дел на фауната, вклучувајќи ги сите поголеми копнени животни. Некои групи дури му се имаат вратено на подводниот живот. Тука спаѓа најголемото животно во природата - синиот кит.

Четириношци
Кратки факти Четириношци Период: среден Девон - денес, Научна класификација [ у ] ...
Четириношци
Период: среден Девон - денес
Thumb
Четириношци од четирите денешни класи (по часовникот): жаба (водоземец), хоацин (птица), скинк (влекач) and глушец (цицач)
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Поттип: ’Рбетници
Инфратип: Вистински вилични ‘рбетници
(нерангирано): Целоусни
Наткласа: Четириношци
Broili, 1913
Подгрупи

и вид. во текстот

Затвори

Биоразновидност

Четириношците се делат на четири класи: водоземци, влекачи, цицачи и птици. Нивната разновидност експоненцијално се зголемила со текот на времето: од една група водоземци во Девонот до илјадници видови денес. Главен двигател на општиот состав на биолошката разновидност во Палеозоикот биле водоземците, а во Мезозоикот биле влекачите. Разновидноста доживеала расцут во Кенозоикот со развојот на птиците и цицачите. Зголемувањето на разновидноста значело и сè поголемо групирање на животните. Првите четириношци живеел во крајводни средини и се хранеле претежно со риба. Денес на Земјата постои огромен број на четириножни животни присутни во најразлични средини и со најразличен начин на исхрана.[2]

Потекло

Thumb
Во доцниот Девон почнале да се развиваат различни групи на ‘рбетници - потомци на пелагијалните резноперки — like Eusthenopteron — exhibited a sequence of adaptations:
Panderichthys, прилагоден на матни плитаци;
Tiktaalik со перки налик на нозе со кои можел да оди по копно;
•Првични четириношци во тревести бари, како;
 Бодликавопрекривни (Acanthostega), имал нозе со по осум прсти,
 Рибопрекривни (Ichthyostega) со екстремитети.
Во потомството влегуваат и пелагијални резноперки како целакантите.

Еволуцијата на овие животни почнува со разделувањето на ‘рбетниците на риби и четириношци.[3][4] Со ова четириношците постепено ги прилагодувале органите за движење и дишење во вода на копнен начин на живот, и тоа траело 56,8 милиони години колку што траел периодот девон.[5] Иако ова е една од најсуштинските еволутивни промени во историјата, овој процес е меѓу најдобро проучените благодарение на одличните фосили пронајдени во доцниот XX век како и напредоците во филогенетската анализа.[6]

Денешни четириножници

Со големиот пресврт во фауната кон крајот на Мезозоикот, преостанале само шест групи на четириношци, кои содржат многу подргрупи што денес се изумрени:

Класификација

Thumb
Pederpes finneyae
Thumb
Lyddekerina huxleyi
Thumb
Benthosuchus sushkini

Во продолжение е направена делумна таксономија на четириношците:

  • колено Хордови (Chordata)
    • наткласа Четириношци
          • фамилија Elginerpetontidae
          • фамилија Acanthostegidae
          • фамилија Ichthyostegidae
          • Hynerpeton
          • фамилија Tulerpeton
          • фамилија Crassigyrinidae
          • фамилија Loxommatidae
          • фамилија Colosteidae
          • фамилија Whatcheeriidae
          • фамилија Diadectidae
      • Жаболики (Batrachomorpha) (напосредно над, под или излишни кај Водоземците)
      • класа Водоземци (Amphibia)
        • поткласа Тенко‘рбетни (Lepospondyli)
        • поткласа Пресечно‘рбетни (Temnospondyli)
        • поткласа Мазни водоземци (Lissamphibia) — жаби, дождовници
      • надред Влекачолики (Reptiliomorpha) contains among others:

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.