From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри Чарлс Буковски (роден на 16 август 1920 во Андернах - 9 март 1994 во Сан Педро) — германско-американски поет, романописец и раскажувач.
Чарлс Буковски | |
---|---|
Роден(а) | Хенри Чарлс Буковски 16 август 1920 Андернах, Рајнска област-Пфалц, Вајмарска Република |
Починал(а) | 9 март 1994 73) Сан Педро, Калифорнија, САД | (возр.
Националност | Германец, Американец |
Занимање | поет, романописец, раскажувач и колумнист |
Движење | Валкан реализам,[1][2] Трансгресивна фикција[3] |
Неговото пишување било под влијание на социјалниот, културниот и економскиот амбиент на неговиот роден град Лос Анџелес[4] . Неговото дело се осврнува на обичните животи на сиромашните Американци, на чинот на пишување, на алкохолот, на односите со жени и на тешката работа. Буковски напишал илјадници песни, стотици раскази и шест романи, објавувајќи над 60 книги. ФБИ чува досие за него како резултат на неговата колумна: „Белешки за валканиот стар човек“, во лондонскиот весник Open City[5][6]. Во 1986 година магазинот Тајм го нарекол на Буковски „лауреат на американскиот низок живот“[7].
Од неговата смрт во 1994 година, Буковски е предмет на голем број критични статии и книги за неговиот живот и списи, но неговата работа добила релативно мало внимание од академските критичари.
Буковски е роден во Андернах, Германија во 1920 година.[8] Мајка му, Катарина Фет, била Германка, од татко Вилхелм Фет и мајка Нанетет Израел.[9][10] Таа го запознала неговиот татко, Американец со полско потекло, на крајот од Првата светска војна и семејството се преселило во САД кога Чарлс имал две години.[11]Чарлс Буковски постојано тврдел дека е роден како вонбрачно дете, но брачните досиеја во Андернах покажуваат дека неговите родители се омажиле еден месец пред неговото раѓање.[11][12] Чарлс Буковски имал тешко детство, бидејќи (како што и самиот кажал) неговиот татко, кој често бил невработен, вербално и физички го злоставувал,[13][14] а тоа го опишал во романот „Шунка на 'ржан леб“). Откако матурирал во државното средно училиште во Лос Анџелес, Буковски се запишал на Градскиот колеџ на Лос Анџелес каде студирал уметност, новинарство и литература.
Откако татко му го избркал од дома, Буковски патувал низ цела Америка, а најпосле се вратил во Лос Анџелес и долго време живеел од денес до утре, заглавен во алкохолизмот и работејќи бесмислени работи (возач на камион, работник на бензиска пумпа, чувар, лифтбој итн.) и живеејќи во евтини хотели и пансиони. Во доцните 1950-ти, Буковски се вработил како курир во Државниот сервис на САД (поштенската служба) на Лос Анџелес, каде поминал 12 години, а потоа, на возраст од 49 години, дал отказ од работата и решил да живее пишувајќи поезија.[15] [16] Во едно од неговите писма напишал: „Имам еден од два избора - да останам во поштата и да побудалам...или да останам тука и да си играм писател и да гладувам. Одлучив да гладувам”[17]
Во 1955 година бил хоспитализиран поради крварење на внатрешен чир и малку требало неговата состојба да има посериозни последици. Во 1957 година се оженил за писателката и поетеса Барбара Фрај, но се развеле во 1959 година. По разводот, Буковски продолжил да пие и да пишува поезија. Во 1964 година, неговата втора жена Франсис Смит ја родила нивната ќерка, Марина Луиза Буковски. Буковски и Франсис живееле заедно, но никогаш не стапиле во законски брак. Во 1976 година ја сретнал Линда Ли Бејџил, сопственичка на ресторан за здрава храна. Две години подоцна се преселиле во Источен Холивуд, каде Буковски го поминал остатокот од животот, а во 1985 година тие се венчале. Буковски починал од леукемија на 9 март 1994 година во Сан Педро, Калифорнија на 73-годишна возраст, набргу по завршувањето на последниот роман „Pulp”. Погребот бил направен во духот на будистичката традиција, а на неговата спомен-плоча стои: „Don't Try (Не се обидувај)“. Според Линда Ли Буковски, овој епитаф значи: „Ако го потрошиш животот обидувајќи се, тогаш она што ќе ти остане е само обидувањето. Затоа не се обидувај, туку прави ги работите”.
Во младоста, Буковски ги сакал писателите како што се: Антон Чехов, Кнут Хамсун,[18] Ернест Хемингвеј,[19] Џон Фанте[18] и Фјодор Достоевски.[19] Во романот „Шунка на 'ржан леб“, тој ги наведува првиот писател кој му оставил впечаток бил Аптон Синклер, а потоа им се воодушевувал на: Синклер Луис, Д. Х. Лоренс, Хаксли, Шервуд Андерсон и особено на Хемингвеј, Тургенев.[20] и на Џејмс Тербер.[21] Во романот „Жени“, тој вели дека Кнут Хамсун е најдобриот писател на светот, а исто така истакнуав дека го сака Карсон Мек Кјулер.[22] и на Џејмс Тербер.[23]
Буковски почнал да објавува во литературните списанија во почетокот на 1950-тите. На 24-годишна возраст, неговиот расказ „Aftermath of a Lengthy Rejection Slip“ бил објавен во списанието „Story“, а две години подоцна, расказот „20 Tanks From Kasseldown“ бил објавен во збирката „Портфолио III“. Тогаш, тој се разочарал во издавачкиот процес и се откажал од пишување во текот на речиси една декада од неговиот живот. Во 1969 година, на Буковски му била доделена месечна стипендија од 100 долари од страна на издавачот Џон Мартин „за да пишува“. Тогаш, Буковски ја напуштил работата како поштенски службеник и решил да живее пишувајќи поезија. Еден месец откако ја напуштил поштата, тој го завршил својот прв роман „Пошта”, објавен во 1971 година. Подоцна, негова издавачка куќа била Black Sparrow Press која ги објавила сите негови дела.
Во 1960 година ја објавил својата прва поетска збирка „Цветот, тупаницата и ѕверскиот лелек“, а потоа објавил околу 30 збирки поезија и десетина прозни дела. Првиот успех кај публиката го остварил со книгата „Забелешките на стариот расипник“ (1969) во која се содржани статиите кои ги пишувал за едно „андерграунд“ списание од Лос Анџелес, а која претставува спонтана исповед на човекот од „улиците на стравот и агонијата“. Во 1971 година се појавил неговиот прв роман, „Пошта“ (напишан за три недели), а со делото „Приказна за обичното лудило“ (1972) стекнал поширока слава во Европа. Во 1975 година го објавил романот „Фактотум“, а по објавувањето на неговиот трет роман „Жени“ (1978) станал популарен и во САД. Во 1982 година се појавил романот „Шунка на 'ржан леб“.[15] [24]
Во едно интервју од 1974 година, тој вели: „Кога живееш во некој град сиот свој живот го запознаваш буквално секое ќоше, ја имаш рамката на земјата на која што лежи тој град. Имаш целосна слика каде се наоѓаш. Бидејќи сум од Л. А, отсекогаш сум имал географско и емотивно чувство дека тука припаѓам, имав време да го научам овој град. Не можам да се видам себеси на некое друго место“.[25]
Буковски пишувал навечер, а таа навика ја оправдувал со зборовите: Да се пишува преку ден е како да се трча во стоковна куќа. Секој може да те види. Навечер... тогаш стануваш магионичар. Темите ги наоѓал во сопственото животно искуство, во проживеаните драми од детството, во младоста и во периодот на скитање низ Америка, додека живеел како скитник, се опивал и работел бесмислени работи за да преживее, како и во галеријата жени што ги запознал во својот живот. Иако себеси се доживувал како срамежлив и повлечен човек на кого алкохолот му бил неопходен за да живее и создава, тој буквално до хипертрофијата ги открил своите најинтимни детали и така стекна епитет на еден од најбесрамните уметници во историјата на книжевноста.
Големата животна авантура ја започнал како „блуден син“, со рано заминување од дома кога односот со неговиот авторитативен татко станал неподнослив. Притоа, на тој пат заминал ако еден од обележаните - пубертетските акни засекогаш му оставиле лузни на лицето. Чувството на срам и тага пред сопствениот „чуден“ одраз во огледалото во него развила воајерски однос кон луѓето, а осебено кон жените. По соочувањето со татка си и со бедата во животот, Буковски конечно се соочил и со жените за кои изјавил: „Секогаш познавав само таблетоманки, алкохоличарки, курви, луди жени. Откако ќе заминеше една, доаѓаше друга, втората полоша од првата и додека се обидува да те спаси од онаа првата, се подготвува да те уништи“. Единствена љубов во тие денови му била Џејн која била постара од него десет години, со која до бесвест се опивал, ја тепал, се смеел и водел љубов. Нејзината прерана смрт не била само жесток удар, туку и задоцнето растење. Буковски тогаш имал само 35 години. Некои од неговите најубави љубовни стихови и се посветени на таа „дама и половина“.
Чарлс Буковски останал запаметен како контроверзна личност, бунтовник, бескомпримисен, анархичен, писател кој не се срами нештата да ги нарече со нивните вистински имиња и чии дела се преполни со сексуалност. Во своите дела, тој пишува онака како што живеел или како што би сакал да живее, а со својот опус удрил печат на една епоха од американската книжевност.[26]
На оваа страница е потребен превод на македонски. Оваа страница (или пасус) не е напишана на јазик којшто е македонски. Ако е наменета за читателите од тој јазик, треба да биде преместена на јазичното издание на Википедија на тој јазик. Видете го целосниот список на јазични изданија. Ако страницата (или пасусот) не е преведена на македонски во рок од една седмица, содржината која е на друг јазик ќе биде избришана. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.