Чардаклија
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Чардаклија — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Чардаклија | |
Куќи во Чардаклија | |
Координати 41°46′58″N 22°11′12″E | |
Општина | Штип |
Население | 262 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2000 |
Шифра на КО | 30068 |
Надм. вис. | 360 м |
Чардаклија на општинската карта Атарот на Чардаклија во рамките на општината | |
Чардаклија на Ризницата |
Чардаклија се наоѓа источно од Штип и е оддалечена седум километри од Штип. Селото е на регионалниот пат Штип - Кочани и е поделено на два дела од истиот. Инаку селото е поделено на горно и долно маало. Горното маало е од страната на Штип, а долното мало од страната на Кочани. Чардаклија се наоѓа помеѓу населбата Македонка (Свињогојство) и селото Балван.
На периферијата на селото поминува реката Брегалница.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чардаклија живееле 36 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чардаклија имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Населението во Чардаклија е составено од Македонци и Власи.
На пописот од 2002 година, селото имало 922 жители, од кои 878 Македонци, 8 Турци и 36 Власи.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 262 жители, од кои 191 Македонец, 9 Турци, 8 Роми, 37 Власи и 17 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 199 |
1953 | 298 | — | — | — | 6 | — | ... | — | — | 304 |
1961 | 426 | 3 | 15 | ... | ... | — | ... | 80 | — | 524 |
1971 | 485 | 11 | 12 | 5 | ... | 1 | ... | 62 | — | 576 |
1981 | 647 | — | 18 | 20 | 47 | 2 | ... | 19 | — | 753 |
1991 | 732 | — | 13 | 11 | 67 | 1 | — | 22 | — | 846 |
1994 | 789 | — | 17 | 10 | 49 | 1 | — | 7 | — | 873 |
2002 | 878 | — | 8 | — | 36 | — | — | — | — | 922 |
2021 | 191 | — | 9 | 8 | 37 | — | — | — | 17 | 262 |
Во селото постои избирачкото место бр. 2290 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 228 гласачи.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.