Црква „Св. Теодор Тирон“ - Пиперово

црква во селото Пиперово From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Теодор Тирон“ - Пиперовоmap

Свети Теодор Тирон — главна селска црква во штипското село Пиперово, Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Свети Теодор Тирон

Поглед на црквата „Св. Теодор Тирон“ во селото Пиперово

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоШтипско
ПарохијаОсма приградска
Местоположба

Координати41°34′31″N 22°16′12″E
МестоПиперово
ОпштинаШтип
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителТеодор Тирон
ИзградбаXIX век (обновена во 1912 г.)
Живопис1912
Архитектонски опис
Затвори

Денес, црквата е запуштена и се наоѓа во лоша состојба и распаѓање, а околу нејзе вегетацијата е целосно обрасната.[1]

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел од селото. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари и силни ветрови.[1]

Историја

Црквата е изградена во XIX век, а не е познато од кого била осветена.[2]

Во 1912 година, црквата била обновена.[2]

Архитектура

Фрескоживопис

Во 1912 година била живописана од непознат автор.[2]

Икони и иконостас

Иконите заедно со иконостасот се стари од 1863 година, но нивниот автор исто така не е познат.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.