From Wikipedia, the free encyclopedia
Цаде (исто така Цади, Саде или Сад) е осумнаесеттата буква во многу семитски писма, како феникискиот, арамејскиот, хебрејскиот צ и арапскиот ﺹ . Нејзината најстара звучна вредност веројатно била МФА: [sˁ], иако постојат разни изговори кај разните денешни семитски јазици и нивните дијалекти. Таа претставува соединеније на три протосемитски „емфатични согласки“ на хананејски јазици. Арапскиот, кој ги задржал фонемите како посебни, има воведено варијанти за изразување на трите. На арамејски, овие емфатични согласки се соединуваат во буквите ајин односно тет, и така хебрејскиот збор ерец ארץ (земја, почва) е араа ארעא на арамејски.
Феникиската буква била претворена во грчката буква сампи Ϡ и сан Ϻ на етрурски 𐌑 Ś. Истата е и веројатен извор на инспирација за создавањето на буквата Ц во глаголицата, а потоа и во кирилицата.
Соодветната буква во угаритската азбука е 𐎕.
Потеклото на буквата цаде е нејасно. Можеби дошла од писмата од средното бронзено доба, заснована на пиктографот за тастение, можеби папирус, или пак јадица („цајад“ = лов на денешен хребрејски , или на арапски „сад“ = рибарење или лов).
Буквата ги носи имињата цаде, цади, саде и др. Видете хебрејска азбука за список на разни транслитерации и изговори.
На денешен хебрејски, буквата цаде претставува безвучен алвеоларен африкат (МФА: [ʦ]). Ова важи и за јидиш. Историски, веројатно претставувала фарингијализирано /sˤ/; јеменските евреи и ден денес ја изговараат така.
Цаде, како и каф, мем, пе и нун, има финална форма која се користи на крајот на зборовите. Обликот му се менува од: צ на: ץ. Изговорот не се менува.
Во гематрија, цаде го означува бројот 90. Финалната форма на буквата претставува 900, но ретко се користи - наместо ова се користат тав, тав и коф (400+400+100).
По цаде може да се стави и Гереш ('צ), давајќи му МФА-звучност /ʧ/. Ова најчесто го наоѓаме во хебрејскиот збор צ'יפּסים = деланки, чипс. Стручњаците го користат ова обликување на буквата за недвосмислено претставување на арапската и протосемитската буква дад.
Како кратенка буквата го претставува зборот цафон=север.
Цаде е една од седумте букви која добива посебна круна (наречена тагин) кога е напишана во Сефер тора. Видете шин, ајин, тет, нун, зајин и гимел.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.