Рупишта или Хрупишта (дијалектно: Рупишча; грчки: Άργος Ορεστικό, Аргос Орестико, до 1926 г. Χρούπιστα, Хруписта[2]) — град во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ, Грција. Населението брои 7.237 жители (2021).
Рупишта Άργος Ορεστικό | |
---|---|
Центарот на Рупишта | |
Координати: 40°27.9′N 21°15.29′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | м | 650
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 7.237 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 522 00 |
Повик. бр. | 24670 |
Географија и местоположба
Гратчето Рупишта е оддалечено 9 км од градот Костур, на северозападната страна на реката Бистрица на надморска височина од 650 метри[3].
Историја
Рупишта е стара македонска населба во која поради економскиот просперитет и сообраќајните врски почнале постепено да се населуваат турски, влашки и погрчени македонски семејства, така што тоа станало мешана населба со четири народносни групи[3]. Етнографски, гратчето Рупишта е мешано македонско-влашко-„грчко“ населено место на самата линија на разграничување на македонскиот и грчкиот јазик и етнос. По иселувањето на Турците во 1924 година, тука се населиле бегалски семејства со вкупно 863 лица[3]. За време на Граѓанската војна во Рупишта имало голема концентрација на жители од околните села, а по нормализирањето на состојбата во непосредна близина на гратчето биле изградени две нови населби - Каслас преименувана во Стадион во 1962 година и Аеродром (Аеродромион), кои по пописот од 1971 со наредба се споени со Рупишта и со тоа избришани и престанале да се водат како посебни населби во евиденцијата[3].
Стопанство
Освен со трговија, жителите на Рупишта се занимаваат главно со земјоделство и овоштарство, како исо изработка на ракотворби од кои прочуени се влашките јамболии[3]. Рупишта има доста големо стопанско и управно значење за поголемиот дел од јужниот крај на костурското подрачје. Рупишта е главниот центар на крзнарско-кожарската индустрија која што е застапена во поширокиот регион на западниот дел на Егејска Македонија и Костурско во областа на планините Вич, Грамошта и Пинд.
Население
Според бројот на жителите Рупишта, го зазема второто место во Костурскиот округ[4]. Според статистиката на К’нчов во Рупишта живееле 1.100 Македонци, 700 Турци, 720 Власи и 170 Роми, додека Бранков е пообјективен кога споменува дека тука живееле и 100 Грци[3]. Милоевиќ, пак споменува дека Рупишта се состои од 270 македонски, 180 влашки, 50 грчки или погрчени и 250 турски куќи, односно вкупно 750 куќи[3]. Според пописите во XXI век, во 2001 година Рупишта броела 7838 жители, а во 2011 имала 7473 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 4.215 | 4.196 | 5.104 | 5.147 | 5.979 | 6.653 | 7.558 | 7.473 | 7.237 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
Гратчето е седиште на поголем дел од костурското подрачје на југ од Рупишта и во него се концентрирани повеќе административни и други служби[3]. Поради големината и стопанското значење Рупишта е прогласено за градска општина и има статус на град.
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Нектариј“ — главен градски храм
- Црква „Св. Петка“
- Рупишки мост — стар камен мост на излезот од градот
Редовни настани
Личности
Личности родени во Хрупишта:
- Марика Макриевска — учесник во Грчката граѓанска војна. Член на музичката група Костурчанки.
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.