германски астроном и лекар From Wikipedia, the free encyclopedia
Хајнрих Вилхелм Матијас Олберс (германски: Heinrich Wilhelm Matthias Olbers; 11 октомври 1758 – 2 март 1840 ) — германски астроном. Пронашол добар метод за пресметувањето на орбитите на кометите, а во 1802 и 1807 г. ги открил вториот и четвртиот астероид — Палада и Веста.
Хајнрих Вилхелм Матијас Олберс Heinrich Wilhelm Matthias Olbers | |
---|---|
Хајнрих Олберс | |
Роден(а) | 11 октомври 1758 Арберген, Свето Римско Царство |
Починал(а) | 2 март 1840 81) Бремен, Германски Сојуз | (возр.
Националност | Германец |
Полиња | медицина астрономија |
Познат по | Олберсов парадокс Палада Веста |
Олберс е роден во Арберген, Германија, денес дел од градот Бремен. Учел за лекар на Гетингенскиот универзитет (1777–80). Таму учел математика заедно со Абрахам Готхелф Кестнер. Во 1779 г. додека негувал болен колега, го осмислил првиот задоволителен метод за пресметка на орбитите на комети.[1] Откако дипломирал во 1780 г. почнал да се занимава со медицина во Бремен. Вечерите ги поминувал во астрономски набљудувања од горниот кат на куќата, кој го претворил во опсерваторија.
Во 1800 г. Олберс бил меѓу 24-те астрономи поканети да учествуваат во т.н. „небесна полиција“, посветена на наоѓање на нови планети во Сончевиот Систем. На 28 март 1802 г. го открил и именувал астероидот Палада. Пет години подоцна, на 29 март 1807 г. го открил и астероидот Веста, а честа за неговото именување му ја дал на Карл Фридрих Гаус. Бидејќи зборот „астероид“ сè уште не постоел, тогашната литература ги нарекувала овие мали тела „планти“ сами по себе. Предложил дека астероидниот појас во кој се наоѓале овие тела, е остаток од уништена планета. Денес се смета дека плимните ефекти од планетата Јупитер ја пореметиле планетообразбата во астероидниот појас. На 6 март 1815 г. Олберс открил периодична комета, денес наречена по него (13P/Олберс). Олберсовиот парадокс, кој го опишал во 1823 г. (а потоа преработил во 1826 г.), вели дека темнината на вечерното небо се коси со претпоставката за бесконечна и вечна статична вселена.
Во јули 1804 г. младиот Фридрих Бесел му се обратил на Олберс за мислење за неговата раправа за пресметката на орбитите според Халеевата Комета. Олберс го забележал извонредниот квалитет на овој труд и уредил да биде објавен.
Во 1804 г. е избран за член на Кралското друштво во Лондон,[2] а во 1809 г. за странски дописен член на Кралскиот институт на Холандија[3] Во 1822 г. станал странски почесен член на Американската академија на уметностите и науките,[4] а во 1827 г. и странски член на Кралската шведска академика на науките.
Олберс добил полномоштво од неговите сограѓани да помага во крштевката францускиот владетел Наполеон II на 9 јуни 1811 г. Членувал во законодавниот кор во Париз во 1812–13 г. Починал во Бремен на возраст од 81 година. Се женел двапати, и имал деца, но само еден син го надживеал.[1]
Во чест на Олберс се наречени следниве небесни образби:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.