From Wikipedia, the free encyclopedia
Фронтон — класичен архитектонски елемент кој се состои од триаголен дел, (тимпанум или тимпанон), над хоризонталниот дел од зградата наречен (перваз), кој дел го носат столбови. Калканот на крајот од фронтонот е обрабен со корниз со калапени украси. Кај тимпанионите често наоѓаме скулптури и релјефи кои прикажуваат сценми од грчката или римската митологија. Обликот на фронтонот зависи од архитектонскиот ред.
Фронтонот го наоѓаме и кај класичниот грчки храм и неокласичната архитектура. Најважен пример е Партенонот, каде тој служи како палета за прекрасен, сложен архитектонски детал. Овој архитектонски елемент бил измислен како дел од старогрчката архитектура, а се применувал во Стариот Рим, ренесансата и подоцнежните архитектонски возобнови. Овој елемент најчесто ги красел мавзолеите и разни други паметници.
Фронтоните се ставале како триаголни или засводени украси над прозорците и вратите, над пар пиластри или рамки. Наискот и едикулата се „мали живеалишта“ или олтари кои зосолнуваат слика или скулптура на извесно божество при влезот во еден храм или едноставно во ниша во ѕидот на една зграда.
Во архуитектурата наоѓаме итн. отворен фронтон каде дел од корнизот е отворен при врвот. Тука треба да се спомене итн. прекршен фронтон кој е отворен долж основата. Овој често се среќава кај џорџијанската архитектура. Низ овие отвори се прелеваат украсите на самиот фронтон, збогатен со висок релјеф, „тонда“, огледала и прозорци. Овие облици била преземени од маниристичката архитектура, како и применувани на мебел дизајниран или иснспириран од Томас Чипендејл.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.