Флејта или флаута е дувачки музички инструмент. Во поширока смисла на зборот, флејтата е цела серија на дувачки инструменти кои постоеле и постојат низ целиот свет. Музичарот што свири на флејта се вика флејтист. Звукот на флејтата настанува како резултат на струењето на воздухот низ отворите.
![Thumb](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c7/Western_concert_flute.jpg)
По држењето, разликуваме два основни вида на флејти: вертикална флејта (блок флејта), и хоризонтална флејта. Кај хоризонталните флејти, влезниот отвор не се наоѓа на врвот на цевката, туку нешто пониско, на странична страна, и во него се дува откосо за да се образува писка, бидејќи овој тип ја нема (за разлика од вертикалните флејти), и се дува во т.н. прозорче. Изведувачката техника е многу развиена и ова е еден од најфлексибилните и највиртуозните инструмент. Исто така, флејтата и експресивен инструмент, со благ и светол, идиличен звук.
Флејтите се изработуваат од најразлични материјали: коска, дрво, камен, метал, пластика, итн.
Потеклото на флејтата може да се бара во праисторијата.
Флејтата како мотив во уметноста
- „Флејта ’рбет“ (Флейта-позвоночник) - поема на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.[1]
- „Волшебната флејта“ - опера на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.