Remove ads

ФК Осоговомакедонски фудбалски клуб од Кочани, оформен во 1924 година [1], а во 1950 година го добива сегашниот назив. Клупски бои се жолто-сината, а клубот настапува на Стадионот Никола Мантов кој има капацитет од 5,000 гледачи.

Кратки факти Целосно име, Прекари ...
ГФК Осогово
Thumb
Целосно имеГрадски фудбалски клуб Осогово
ПрекариЖетвари
Основан1924; пред 100 години (1924)
СтадионСтадион Никола Мантов
(Капацитет: 5,000)
ПретседателЛазар Наков
МенаџерДенис Владимиров
ЛигаВтора македонска лига
2023/24Втора лига - 12. од 16 места
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Thumb
Thumb
Домашни бои
Thumb
Thumb
Гостински бои
Затвори

Историја

Историјата на фудбалот во Кочани започнала во далечната 1924 година кога Томе Ванѓелов (тогашен претседател на Општина Кочани), во градот ја донел првата фудбалска топка. Веднаш потоа бил формиран и првиот фудбалски клуб Султан Тепе. Името неколкупати било менувано - ФК Витез, ФК Хајдук, за на крај да го добие името Осогово.

За фудбалот во Кочани зборуваат старите кочанци: “Игравме фудбал и пред 1924 година и тоа на улица со топка направена од партали. Минувачите подзастануваа, гледајќи како ние младите трчаме по еден тркалезен предмет што потскокнуваше пред нашите нозе и со повремено кревање на рацете ќе викневме: Гоол! Тие со чудење нè гледаа, некој од нив дури и ќе се прекрстеше гледајќи ги младите, испотени до гола кожа“.

Оттогаш фудбалот во Кочани почнал да се игра поорганизирано, со соседните градови, со кожена топка, со обележено игралиште, дресови, судија итн. За развојот на фудбалот во Кочани многу придонела изградбата на железничката пруга и првиот воз во Кочани на 1 јули 1926 година.

Најголемиот успех што го постигнала младинската екипа на Осогово е 1958 г. на Младинското фудбалско првенство на Македонија со тренерот Славко Симеонов. И како победник екипата на Осогово учествувала во првенството на Југославија за млади. Првенството на Југославија тогаш се одржало во две групи: едната група играла во Шибеник и ја предводела Црвена ѕвезда од Белград, а втората играла во Белград предводена од Партизан. Во оваа група покрај Партизан играле уште младите екипи на прволигашот од Загреб - Динамо, прволигашот од Титоград - Будуќност, и младите на Осогово од Кочани, член на Штипската потсојузна лига.

Овде фудбалерите на Осогово се претставиле во две различни изданија. Поради ненавремено известување од ФСМ за почетокот на натпреварите, управата на клубот не можела да резервира билети за вагоните за спиење, па младинците на Осогово целиот пат од Скопје до Белград го поминале стоејќи. Непроспиената ноќ во возот, претпладневното одење низ Белград барајќи го местото каде требало да бидат сместени предизвикало замор кај младинците на Осогово. Во двобојот со големиот Партизан изгубилe со 13:0.

Вториот ден Осогово се сретнал со Динамо од Загреб, и тогаш веќе одморените младинци заиграле како што знаат, и големиот противник бил победен со 3:1. За третиот меч со Будуќност, на Осогово му одговарал и нерешен резултат па тренерот така и ја поставил играта. Натпреварот завршил 0:0, со што Осогово завршил втор во групата, оставајќи ги зад себе праволигашите Динамо и Будуќност.

Подоцна Осогово влегува во Македонската лига каде покажува значајни резултати. Во 1988/89 година настапува во Меѓурепубличката лига. Натпреварувачката 1991/1992 г. Осогово се натпреварува во Третата сојузна лига и завршува на 9-то место.

Во првата натпреварувачка сезона во самостојна Република Македонија, Осогово е во средишниот дел од табелата. Понатаму следуваа слаби резултат, па во првенството 1995/1996 г. Осогово ја напушта Првата македонска лига.

Најголем успех на кочанскиот младински фудбал по осамостојувањето на Македонија е во 1996 г. кога Осогово во Скопје ја победува Саса со 2:0, со што го освојува Младинскиот куп на Македонија.

Потоа следуваат лоши игри, клупски превирања, промени на стручни штабови, недисциплина, препукувања меѓу спортските работници и како разултат на сето ова, Осогово полека, но сигурно тоне. Ја напушта Првата лига, а кратко време потоа и Втората лига. 2004/2005 година "Осогово" се најде во најнизок ранг од републичко натпреварување. По испаѓањето од Втората македонска лига, замира фудбалскиот интерес во градот.

Во натпреварувачката сезона 2016-17 екипата го освојува 3 место во Третата македонска лига со што обезбеди пласман во повисок ранг.

Remove ads

Состав на тимот

Повеќе информации Бр., Позиција ...
Бр. Позиција Играч
1 Македонија ГМ Александар Игески
3 Македонија ОД Христијан Митревски
4 Македонија ОД Стефанчо Цветанов (C)
5 Македонија ОД Јован Манев
6 Македонија ОД Дејан Велевски
8 Македонија НП Драган Паунов
9 Македонија НП Владимир Жоглев
10 Македонија СР Павле Петров
11 Македонија ОД Никола Стоиловски
13 Македонија СР Александар Гаврилов
14 Македонија СР Кристијан Јорданов
15 Македонија ОД Тоше Манов
Бр. Позиција Играч
16 Македонија ОД Кристијан Блажев
17 Македонија СР Андреј Коцевски
18 Македонија СР Слаѓан Митевски
20 Македонија НП Никола Костадинов
21 Македонија НП Божидар Ангеловски
92 Македонија ГМ Мишел Ѓоргиев
Македонија ГМ Методија Ангелов
Македонија СР Драган Анчов
Македонија СР Перо Георгиевски
Македонија СР Христијан Ќосевски
Македонија СР Стојче Стојов
Затвори

Тренери

  • Крсте Крстев
  • Александар Андов
  • Дејан Манчевски
Remove ads

Лого на клубот

Во својата долгогодишна историја, клубот променил неколку официјални логоа, а во почетокот на февруари 2018 година беше промовиран актуелниот дизајн.[2]

Поранешни играчи

Thumb
Екипата во 2008 година
  • Петар Лазаров
  • Игор Данев
  • Ване Митев
  • Ивица Јаневски
  • Сашко Манчовски
  • Ангел Дамевски
  • Дени Манчовски
  • Мирче Натков
  • Никола Постоловски
  • Зоран Шуманов
  • Бажо Коцев
  • Перо Данилов
  • Никола Карафилов
  • Иван Митров
  • Ангелчо Арсов

Навивачка група

Навивачката група на Осогово се нарекува Сејмени и е формирана во 1986 година. Вообичено членовите на групата се наоѓаат на западната трибина на Стадионот Никола Мантов, од каде му даваат поддршка на својот клуб.

Надворешни врски

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads