Уљјановск

град во Уљјановската област, Русија From Wikipedia, the free encyclopedia

Уљјановск

Уљјановск — град во Русија. Население: 623.100 (2005). Градот е административен центар на Уљјановската област.

Thumb
Панорамски поглед кон Уљјановск
Thumb
Грбот на Уљјановск

Градот бил основан од Богдан Хитрово во 1648. До 1924 градот го носел името Симбирск. Во Уљјановск е роден Владимир Илич Уљјанов Ленин, во негова чест градот бил преименуван.

Историја

Симбирск бил основан во 1648 од страна на болјарот Богдан Хитрово.[1] Тврдината „Симбирск“ била стратешки поставена на еден рид на западниот брег на реката Волга. Целта на нејзината изградба била да ја заштити источната граница на Руското царство од номадските племиња и да обезбеди трајно присуство во областа.

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.