Турбе на кралската ќерка
турбе во Скопје, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
турбе во Скопје, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Турбе на кралската ќерка или турбе „Крал К’зи“ — турбе кое според едно толкување била гробница на ќерката на последниот босански крал Стефан, Катерина Котроманиќ, која како заробеник живеела кај Гази Иса-бег, што во превод значи „гробница на кралевата ќерка". Се наоѓа на источната падина на населбата Гази Баба, во непосредна близина на природно-математичкиот факултет. Турбето било во состав на познатите муслимански гробишта, коишто биле сместени на ова брдо[1]. Турбето било градено од камен и цигли. На квадратната основа биле четири столба со зашилени врвови, а покриено со купола на четири вода. Се претпоставува дека турбето било изградено кон крајот на XV или почетокот на XVI век[1]. Ова турбе го посетувале муслиманите, но и христијаните кај кои останала долга традиција дека станува збор за почитувана кралска ќерка.[2]
Турбето денес е целосно реконструирано во 2014 г.[3] согласно одлуката на Министерството за култура на Македонија од 2011 г.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.