Map Graph

Турбе на кралската ќерка

турбе во Скопје, Македонија

Турбе на кралската ќерка или турбе „Крал К’зи“ — турбе кое според едно толкување била гробница на ќерката на последниот босански крал Стефан, Катерина Котроманиќ, која како заробеник живеела кај Гази Иса-бег, што во превод значи „гробница на кралевата ќерка". Се наоѓа на источната падина на населбата Гази Баба, во непосредна близина на природно-математичкиот факултет. Турбето било во состав на познатите муслимански гробишта, коишто биле сместени на ова брдо. Турбето било градено од камен и цигли. На квадратната основа биле четири столба со зашилени врвови, а покриено со купола на четири вода. Се претпоставува дека турбето било изградено кон крајот на XV или почетокот на XVI век. Ова турбе го посетувале муслиманите, но и христијаните кај кои останала долга традиција дека станува збор за почитувана кралска ќерка.

Read article
Податотека:Gazi_Baba_07.05_(38).jpgПодатотека:Турбе_Крал_К'зи.jpgПодатотека:Turbe-stub.svgПодатотека:Coat_of_arms_of_Skopje.svgПодатотека:Coat_of_arms_of_Gazi_Baba_Municipality.svg